6.8 C
Скопје
04:34 - 31 март, 2026

НАЈМНОГУ РАБОТАТ И ЖИВЕАТ НАЈДОЛГО: Јапонците со рекорден број на стогодишници

луѓе

Бројот на стогодишници во Јапонија достигна највисоко ниво откако се води евиденција.

Јапонија, која има најмногу стогодишници од сите земји во светот во однос на вкупното население, оваа година постави нов рекорд за бројот на луѓе чии години се изразени со трицифрен број.

Бројот на стогодишници во Јапонија, земја позната по долговечноста на своето население, го достигна највисокото ниво. Од 15 септември, во таа земја има дури 86.511, пренесуваат јапонските медиуми.

јапонија

Во оваа островска земја со 125,5 милиони жители, во споредба со минатата година, има значителен раст од 6.060 граѓани кои достигнале„трицифрени“ години.

Во однос на апсолутниот број стогодишници, Јапонија традиционално е на второ место во светот по Соединетите држави, но бидејќи има значително помалку жители од нив, убедливо ја води планетата во процентот на стогодишници во населението.

јапонија

Бројот на стогодишници во земјата на изгрејсонцето постојано се зголемува веќе 51 година, од 1970 година, кога имало само 310.

Причината за овој мал број, покрај фактот дека населението на крајот на 19 век било многу помало, треба да се бара во многуте природни и социјални катастрофи што ја погодиле империјата на Далечниот Исток во првата половина на 20 век, како што се туберкулоза и шпанскиот грип, повеќе случаи на масовна глад и загуба на животот на огромен број жители во Втората светска војна.

јапонија

Иако јапонскиот остров Окинава е особено познат во светот по долговечноста на своите жители, девет години по ред води крајбрежната префектура Шимане, која се наоѓа на северозападниот раб на најголемиот јапонски остров Хоншу, недалеку од Корејскиот Полуостров.

Дури 88% од стогодишниците во Јапонија, 76.450 од нив се жени, а сегашниот рекордер за долговечност е Кана Танака, од градот Фукуока, која на 13 септември наполни 118 години. Таа е и официјално најстарата личност во светот, бидејќи нејзиното име е запишано во Гинисовата книга на рекорди.

јапонија луѓе

Најстариот маж во Јапонија е Микизо Уеда од Нар, кој има 111 година.

Инаку, Јапонија е нација со најстаро население во светот, бидејќи во 2020 година, дури 29% од јапонското население беа луѓе на возраст од 65 години или повеќе, што е поткрепено со децении низок наталитет.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....