22:13 - 2 април, 2026

Најголемиот хит од најновиот албум на „Фолтин“ си доби видеоспот (ВИДЕО)

Македонскиот бенд „Фолтин“ во април минатата година ги почести обожавателите со албумот „МОМÓМА“, а пред неколку дена, најголемиот хит од албумот, песната „Ми се води љубов“, си доби видео запис.

Покрај стандардната екипа која ја сочинуваат музичарите на „Фолтин“, предводени од одличниот вокал на Бранислав Николов, гостин во песната е Петар Димитровски на клавијатури, а режијата и монтажата на видеоспотот се на Милена Витман, додека кинематографер е Владимир Димоски.

Танчерката во спотот е од Венецуела, а станува збор за Зарина Рондон, која навистина изведува некои несекојдневни потези во видеото.

Во продолжение погледнете го најновиот видеоспот на „Фолтин“, па сами проценете дали ви се допаѓа…

Слични објави

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova
Се вчитува....