3.8 C
Скопје
20:38 - 20 декември, 2024

ЛУЃЕТО СЕ СРАМАТ ДА ЗБОРУВААТ ЗА СЕКС: Зошто е важно да се разбие стигмата?

секс

Иако успеавме да отфрлиме многу од рестриктивните општествени окови во историјата, има една која, изненадувачки, изгледа дека трае со години – на многу начини, сексот и задоволството поврзано со него сè уште се сметаат за табу. Но, зошто е тоа така?

Накратко, експертите тврдат дека тоа е затоа што сексот нè потсетува на нашите основни животински инстинкти. И бидејќи ние луѓето генерално сакаме да размислуваме за себе како еволуирани, духовни суштества, без разлика дали во религиозна или универзална смисла, исконскиот чин на репродукција е нешто што нè врзува за некои приказни за приматите и со тоа е неповолен за нашиот нов „развиен“ статус. Во многу случаи, ние дури и придаваме срам на таквите инстинкти, често поради она што нè учат како деца.

СЕНЗУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО: Како да бидете незаборавни љубовници

Но, како што забележува новинарката Сју Џеј Џонсон во нејзиниот говор на „TED“ од 2017 година, треба да го промениме начинот на кој размислуваме за сексот и како ги учиме нашите деца за тоа. Треба да ги охрабриме (и да се охрабриме и самите себе) да се приспособат на сопствените чувства и да им дадеме простор да ги соопштат своите желби и чувства без да чувствуваат дека треба да бидат исклучени или вкочанети.

Со други зборови, клучот за намалување на срамот при спомнувањето на секс е помалку табуирање и истражување на нашата сопствена сензуалност преку она што Џонсон го нарекува сетилно образование. Размислувањето за тоа како се чувствувате во сопственото тело и развивање јазик со кој ќе опишете како се чувствувате надвор од едноставната рамка на „добро или лошо“. Какво е чувството кога истурама песок од едната во другата рака? Какво е чувството кога ќе се замотате во топло кебенце после туширање? Кога ќе ви биде поудобно со искуството на задоволство надвор од сексуален контекст, ви станува поудобно да ги артикулирате вашите желби и чувства кога сте во интимна врска со вашиот партнер.

ДАЛИ ВАГИНАТА СЕ ПРОШИРУВА ОД МНОГУ СЕКС? Гинеколог ја решава дилемата

Авторката Пеги Оренштајн исто така истражувала зошто сексуалното задоволство останува табу, особено гледајќи го женското задоволство. Во својата книга „Girls & Sexс“, таа открива дека многу млади жени кои се сексуално активни не се фокусираат на своето задоволство или сè уште го бараат она вистинското. Постојат неколку начини на кои таа мисли дека општеството може да се бори против ова и за возврат да ги намали табуата околу сексот.

Еден од начините е да се осигури дека жените рано се едуцираат за нивните тела и дека рано добиваат име за нивните гениталии, што е многу почеста појава за мажите. „Не именувањето на нешто го прави буквално неискажливо“, вели Тери Грос.

ТОП 5 МАШКИ СЕКС ФАНТАЗИИ: Дали сте подготвени да ги исполните?

Поради толку голема стигма околу сексот, забораваме на фактот дека тој, покрај основната функција на репродукција, е и активност што се врши за да се чувствуваме добро. И со прилагодување на тоа што навистина значи задоволството и како се чувствува, можеби само ќе почнеме да се чувствуваме поудобно во сопствената кожа и да зборуваме малку поудобно за сексот.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....