12.8 C
Скопје
01:31 - 25 април, 2024

ТОП 5 МАШКИ СЕКС ФАНТАЗИИ: Дали сте подготвени да ги исполните?

Помеѓу жените многу често владее мислењето дека не е потребно многу труд за да се задоволат мажите, бидејќи се верува дека ним доволно им е само тоа што ќе ја видат партнерката гола и секогаш, без проблем можат да достигнат оргазам. Но, тоа е далеку од вистината.

Сексот е игра која може да доведе до вистинско задоволство, но само ако се одигра правилно. Ако сметате дека на вашиот партнер му давате сѐ што се однесува до сексот, размислете уште еднаш. Секој маж е различен и го возбудуваат различни работи, но постојат неколку скриени сексуални желби за кои сонуваат речиси сите припадници на посилниот пол, а жените честопати ги занемаруваат. Дознајте кои се тие и пружете му го најголемото задоволство на вашиот сакан, по што дефинитивно нема да може да ве извади од глава…

Гребење и еротско грицкање

Искористете ја страста и задоволството што го чувствувате за време на сексот на поживотински начин, но задржете го сексапилот и женственоста. Нежните траги од нокти на грбот, како и благото грицкање, ќе ја зголемат неговата возбуда, но внимавајте да не претерате.

Изненаден секс

Поголемиот дел од мажите сонуваат за тоа нивната партнерка да преземе иницијатива и да ги изненади со секс. Охрабрете се и изненадете го вашиот сакан со секс по туширање, утрински секс за добро утро придружен со орално будење или, пак, научете некои нови потези и не срамете се да изведете сензуален стриптиз само за негови очи. Бидете креативни и искористете некоја од овие идеи на кои ниту еден маж не може да остане рамнодушен.

Милување на сопственото тело

Мажите обожаваат кога жените го истражуваат сопственото тело. За време на сексуалниот однос допирајте ги градите или милувајте го телото и косата. Тоа ќе го доведе до лудило и ќе направи да ве посакува уште повеќе.

Звуци на задоволство

Ништо не може да ги надмине страсните воздишки кои го опишуваат вашето уживање во водењето љубов. Нормално дека не треба да глумите, бидејќи мажите го забележуваат тоа. Не срамете се да пуштите глас и да му покажете што чувствувате. Доколку почувствувате потреба, изговорете и некои „валкани“ зборови и опишете му што би сакале да ви прави.

Игра со јазикот

Јазикот може да биде многу моќно оружје на кое ниту еден маж не може да одолее. Играјте си со нежни бакнежи во пределот на стомакот, ушите и препоните и доведете го до неочекуван оргазам.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....