3.8 C
Скопје
02:27 - 21 декември, 2024

ЉУБОВ, ПРИЈАТЕЛСТВО ИЛИ НИШТО? Препознајте навреме кон што води вашиот однос

Љубовните односи не се едноставни, особено во моментите кога се прашувате каква е заинтересираноста на другата страна.

Но, пред да се запрашате тоа, најпрво треба да расчистите со себе, дали сте вие романитчно заинтересирани, дали ви е фаза или можеби само гледате пријател во таа личност.

Овие пет знаци ќе ви помогнат полесно да се разберете себе во вакви ситуации:

Знаете што е љубов и ја чувствувате

Знаете ли да направите разлика меѓу заљубеност и вистинска љубов? Поставете си го ова прашање, сетете се на сè што сте читале во книги и списанија и детектирајте. Дали срцето ви „прескокнува“ кога ќе го/ја видите, дали сакате да знаете сè за него/неа, дали сакате да биде среќен/на макар и по цена вие да не сте вклучени во тоа…? Ако овие чувства не постојат, тогаш оваа личност ви е важна, но не доволно за да ја сакате.

Нештата се еднакво балансирани

Кога некого сакате и сте сакани со иста мера, тогаш чувствувате како во вашиот живот постои неверојатна рамнотежа и не сте под стрес дека многу давате, а ништо не добивате. Ако постои барем најмал стрес дека не добивате колку што давате, или пак се чувствувате како другата страна премногу да вложува, а вие не, тогаш овој однос не се заснова врз љубов.

Не ве заморува со непотребни нешта

Кога сте во врска, тоа се подразбира и дека со таа личност имате комуникација дури и почеста од вообичаено. Но, внимавајте. Дали ве интересира како го поминал/а денот? Дали се интересира за вашиот? Дали би сакале и повеќе од тоа? Ако одговорот е да, честитки, тоа е љубов.

Не ја доведувате врската во прашање

Сосема е нормално да сте сомничави околу својата нова врска, но тоа не треба да прерасне во параноја, ниту пак да ве попречува во нормалното функционирање. Но, ако постојат мисли во кои се прашувате дали вреди да вложувате, дали ви е доволна таа личност, дали навистина сакате врска, па дури и ако мислите на други, тоа значи дека ни самите не сте сигурни дека треба да продолжите.

Вашето внимание не „лута“

Дали гледате во други луѓе, размислувајќи дека би биле подобри за вас? Дали пријателите инсистираат да ве запознаат со некој кој би бил подобар? Каков и да е случајот, доколку барем едно од овие нешта се случува, тогаш не сте спремни за врска со таа личност.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....