22:57 - 5 април, 2026

Леди Гага ќе ја глуми „црната вдовица“ на Гучи

Откако глумеше во филмот „Ѕвездата е родена“ и ги освои срцата на публиката, Леди Гага не престанува да добива нови понуди.

Неодамна се појави вест дека ќе заигра во хорор филмот „Мала продавница на ужаси“, а сега е објавено дека ќе ѝ припадне и главната улога во филмот за познатиот дизајнер Гучи.

Гага би требало да ја игра поранешната жена на Маурицио Гучи, Патриција Реџани, која е прогласена за виновна дека го нарачала убиството на бившиот сопруг во 1995 година во Милано.

Патриција за ова дело лежела 18 години во затвор, а во 2016 година е пуштена на слобода. Со Гучи има две деца.

ANSA

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....