9.8 C
Скопје
23:01 - 4 февруари, 2026

КОЈА ВАГИНА Е ШИРОКА, А КОЈА ТЕСНА? Овие стандардни мерки мора да ги знаете

вагина

Вагината е мускул кој, како и секој друг во телото, се стега и релаксира. Опуштањето настанува поради недостаток на вежбање и породување, а најпознати се Кегеловите вежби кои ги зајакнуваат нејзините мускули. Сите вагини се шират за време на сексот, а бројот на сексуални односи не влијае на големината. Според истражување на повеќе од 200 жени, вагиналниот канал е во просек долг 9,6 см ( пример: големина на сјај за усни) и широк 2,5 до 3,5 см.

Големи усни

Тоа се надворешните делови на вулвата што ја штитат вагината или матката и ги опкружуваат малите усни. Големите усни се во просек долги околу 8,1 см – што одговара на големината на просечен лак за нокти. Сепак, опсегот на големината е многу поголем од тоа – во истражувањето е од 4,5 до 11,5 см. Големината на усните нема никаква врска со големината на вагината, а интересно е како усните се намалуваат со возраста на жената.

Мали усни

Тие се нарекуваат и внатрешни усни и го опкружуваат отворот на вагината. Интересно е што левата мала усна е во просек малку поширока – околу 2,1 см, а десната околу 1,9 см. Левата мала усна е во просек долга околу 4 см, додека десната е долга околу 3,8 см. Како и за големината на големите усни, така и за малите нема никаква врска со големината на вагиналниот отвор, т.е. канал.

Клиторис

Како и за другите делови на телото, постои навистина голем опсег на клиторични големини од жена до жена. На клиторисот единствена улога му е сексуалното задоволство. Просечната ширина на клиторисот е околу 0,8 см (додека опсегот на ширина на учесниците во истражувањето е од 0,2 до 2,5 см). Просечната должина е 1,6 см, со опсег од 0,4 до 4,0 см. Самата големина на клиторисот нема влијание врз интензитетот на женското задоволство.

извор: „espreso“

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....