16:20 - 25 февруари, 2026

КОЈА ТИ Е БРОЈКАТА: Како да разговарате со партнерот за претходните сексуални искуства?

Запознавањето нов партнер е забавно и возбудливо, но, нурнувањето во ходниците на претходните сексуални партнери може да биде незгодна тема. Се разбира, секој има бројка и некои поединци сакаат да знаат, додека други не. Сепак, иако навистина не треба да е важно колку партнери сте имале – сепак постои една работа за која вреди да се дискутира: сексуалната историја.

Само опуштено

Психотерапевтот Ноел МекДермот вели дека е добра идеја да се направи разговорот порано отколку подоцна, но направете го тоа на недраматичен начин. Тој вели за „Metro“: „Избегнете: Мислам дека треба сериозно да разговараме за нашата сексуална историја- и потрудете се да биде забавно“.

Одвојте време за процесирање

Дозволете си да ги обработите информациите за искуството на партнерот, пред да реагирате. Тешко е да се знае точно како некој ќе реагира на нови информации. Затоа, обидете се да не ја земате првичната реакција по номинална вредност.

Ноел додава: „Запомнете, сте имале многу повеќе време да ги обработувате вашите искуства во споредба со вашиот партнер и непосредните реакции на страв, или шок итн. Тие  скоро секогаш ќе исчезнат и ќе бидат заменети со сочувство и љубов“.

Одвојте момент да размислите за последиците

„Исто така, може да биде многу предизвикувачко за некои луѓе да слушнат за сексуалното минато на нивниот партнер“, вели д-р Беки Спелман, психолог.

Таа додава дека иако можеби се чувствувате отворено и опуштено на почетокот на разговорот, треба да бидете подготвени да слушнете одговор што можеби нема да ви се допадне.

Размислете што е соодветно за вас како двојка

Вистината е дека разговорот не мора да е задолжителен за вас, само затоа што другите парови зборуваат за тоа.

Беки додава: „Ако одговорот најверојатно ќе ве натера вас или вашиот партнер да бидете вознемирени, тогаш најдобро е да се оддалечите од темата.Фокусирајте се на иднината, а не на минатото и можеби дискутирајте за други важни прашања, како што се сексуалните преференции и размислувања за моногамија“.

Слични објави

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova
Се вчитува....