0.8 C
Скопје
02:18 - 12 март, 2026

Кои хороскопски знаци најтешко кажуваат „Те сакам“

Некои хороскопски знаци полесно ги искажуваат своите чувства кон партнерот, на други им е потребно многу повеќе време за блискост, а уште повеќе – за да го кажат зборот „те сакам“.

Родените во знакот на Риби и Рак, најлесно и најбрзо ги изрзуваат чувствата, дури и кога не „стојат“ цврсто за тие зборови. Други пак, како на пример, Бикот, често гледаат „профит“ во зборовите „те сакам“, а трети знаат да го употребат „те сакам“, без разлика дали тоа навистина го мислат или не, за да добијат повратен одговор со кој ќе си го нахранат егото (особено, Овенот и Лавот).

Проверете од кои хороскопски знаци никогаш, или многу ретко, по многу долго време, ќе чуете „те сакам“. И тогаш, навистина тоа го мислат!

БЛИЗНАЦИ

Први на астролошката листа кои најтешко кажуваат „те сакам“ се Близнаците. Тие имаат потреба да ја направат врската интересна, а не класична. За врската да ја наречат стабилна, треба навистина да сретнале посебен партнер. Тоа не значи дека нема да останат во долга врска, но се додека не се сигурни дека набгру нема да го сменат мислењето, нема да ви кажат „те сакам“. Ако, случајно го кажат, значи и дека навистина го мислат.

ДЕВИЦА

Девиците се подеднакво тешки, речиси како Близнаците, на зборовите „те сакам“. Тие постојано ќе ја анализираат врската и личноста со која се, и ќе сакаат да се осигурат дека се е во ред, дека врската е стабилна, пред да ви кажат дека ве сакаат. Овој перфекцсионизам на Девиците често се основа на страв и грижа дека можат да бидат оставени. Еднаш, кога ќе се соочат со тој страв, стануваат совршени партнери.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата сака долги врски и ако се одлучи за врска, Шкорпијата има тенденција да остане долго во неа, без разлика дали е добра или лоша. Сепак, ќе треба да помине многу долго време за Шкорпиите да го изустат зборот „те сакам“, зашто тешко ги изразуваат своите чувства од страв да не бидат невозвратени.

ЈАРЕЦ

Како земјен знак, Јарците се практични и насочени кон целта. Тие не брзаат во љубовта, туку се зближуваат со партнерот чекор по чекор, за да се уверат дека врската ги задоволува нивните практични сензибилитети. Не е чудо ако Јарецот ја напушти врската пред да ви каже дека ве сака, дури и да ве сака. Ако не се вклопувате во неговиот разумет свет, нема да ве облива со нежни зборови.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....