02:24 - 10 ноември, 2026

Како да го сочувате бронзениот тен и после одморот (за подолго да трае)

Бронзениот тен е нешто што би сакале да го задржиме во текот на целата година. За да го задржиме што подолго, најважно е да се направи пред сончање темелен пилинг на кожата.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја добиете и задржите совршената боја на кожата и по летниот одмор.

Направете темелен пилинг на кожата

Со оглед на тоа дека бројот на мртвите клетки на кожата брзо се формираат во текот на летото, пилингот на кожата ќе даде најдобри резултати. Со помош на антицелулитниот пилинг кој со отстранување на мртвите клетки од кожата истовремено и го стимулира процесот на согорување на мастите, ќе решите два проблеми со еден удар.

Зголемување на хидратација по сончањето

Спречете го ефектот на сушење на кожата предизвикан од УВ зраците на тој начин што на чиста кожа ќе втриете навлажнувачки лосион или млеко за тело, а потоа покријте го телото со влажна, топла крпа (држете ја пет минути). Топлината ги активира состојките на лосионот или млекото кои ќе и обезбедат на кожата оптимална хидратација и мекост.

Совршена нега по сончање

На кожата по сончањето ѝ треба совршена нега и хидратација. Обидете се да го регенерирате телото со крема за тело која ја обновува и длабоко ја хидрира кожата за 24 часа (најдобри се оние кои содржат алое вера и што повеќе витамини).

Задржете го „лажниот” тен

Доколку користите средства за самопотемнување, пилингот на тело направете го пред да ги нанесете, а потоа заборавете на него. Заборавете и на кремите кои содржат ретинол и AHA киселини. Овие супстанции го отстрануваат површинскиот слој на кожата, а со тоа и бојата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....