-3.2 C
Скопје
04:08 - 23 декември, 2024

Што е тоа што ви го уништува сексуалниот живот?

Добриот секс со партнерот е нешто што секој го посакува. Дури и во долгите врски партнерите прават грешки за време на сексот. Но зошто е тој толку важен? Сексот не само што ги исполнува вашите физички потреби, туку ви помага и да се поврзете со вашиот партнер. Поради ова важно е и вие и вашиот партнер да се чувствувате удобно во физичката интеракција во креветот. Овие грешки се најчести, и можат да имаат лошо влијание на вашиот сексуален живот.

1. Лежење на креветот без да правите ништо

За време на сексот, не е важно дали сте маж или жена, ако само лежите на креветот без да се мрднете вашиот партнер нема да се чувствува добро. Не очекувајте од партнерот да прави се, потребно е и вие да се потрудите. Оваа активност ги вклучува двајца, па немојте да бидете пасивни.

2. Мислите дека сексот е сигурен начин за да се намали стресот

Немојте да претпоставувате ништо за вашиот партнер, особено кога станува збор за секс. Можеби партнерот имал многу лош ден на работа и не сака да има секс. Иако мислите дека со тоа ќе му помогнете, голема е веројатноста тој да не се чувствува така. Ако го притискате, само ќе го зголемите нивото на стрес.

3. Страв ви е да ги искажете чувствата после сексот

Сосема е во ред да не ви се допаднале одредени работи кај вашиот партнер за време на сексот, или пак нешто навистина да ви се допаднало, па да сакате повеќе. Што и да е, зборувајте. Вашиот партнер треба да знае што е добро за вас, а што не. Мора да бидете јасни и нема од што да се плашите. Помогнете му на партнерот да истражува, но и вие побарајте го неговото мислење.

4. Секс без обврски

Вие можеби секогаш сте подготвени за секс за една вечер, но тоа не мора да важи и за партнерот. Можеби вие сметате дека вашиот однос е „без обврски“ но партнерот може да има сосема различно мислење. Осигурете се дека и двајцата го очекувате истото пред да направите што било.

5. Не се вклучувате во предиграта

Предиграта е можеби најважниот дел, па уживајте во неа. Немојте да бидете пасивни или да ја прескокнувате. Дозволете и на предиграта навистина да ве поврзи со партнерот. На тој начин ќе дознаете многу еден за друг.

6. Премногу зборувате

Немојте да зборувате премногу за време на сексот. Во ред е да кажете што сакате, а што не, но дозволете им и на вашите тела да зборуваат. Обидете се да почувствувате како реагираат вашите тела на блискоста. „Слушајте“ го телото на вашиот партнер и ќе дознаете многу и без разговарање.

7. Ги претворате бакнежите и прегратките во секс

Понекогаш можеби вашиот партнер сака само да ве бакнува, а бакнежите не мора секогаш да се претворат во секс. Иако сексот почнува со нив, понекогаш ова може да му испрати грешен сигнал на партнерот. Уживајте во деликатните работи бидејќи тие се клучни за градење силна и здрава врска.

Слични објави

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

еспресо

Полна Месечина на 21 јули: Што (не)треба да правите денес за среќа и благодат

еспресо

Петровден: Обичаи поврзани со денешниот празник

еспресо

Скрининг за карцином на грлото на матката, ХПВ типизација или ПАП тест?

еспресо
Се вчитува....