10.2 C
Скопје
04:18 - 27 април, 2024

Десет фасцинантни промени во телото, активирани од вљубеноста

Вљубеноста не активира само „пеперутки“ во стомакот, таа дејствува подобро од која било таблета за болка, го засладува вкусот на храната и го забавува дури и отчукувањето на срцето.
Познато е дека вљубениот човек посебно зрачи со задоволство и среќа, но помалку познати се скриените промени што се случуваат во телото. Имено, вљубеноста не активира само „пеперутки“ во стомакот, таа дејствува подобро од која било таблета за болка, го засладува вкусот на храната и го забавува дури и отчукувањето на срцето.

Овие десет навистина фасцинантни промени во телото активирани од вљубеноста.

1. Мозокот ги менува активностите во дел од секундата – Љубовта на прв поглед најчесто ни звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудска романтична комедија, но во прилог на веродостојноста на првиот чекор од вљубеноста доаѓа едно истражување. Имено, љубовта активира дури 12 делови од мозокот, а исходот е чувство на вљубеност веќе во петтина од секундата.

2. Срцето го забавува својот ритам – Вљубеноста влијае на нивото на хормоните, чии резултати се намалување на крвниот притисок и забавување на отчукувањата на срцето.

3. Го губиме сонот – Резултатите од истражувањата покажале дека човекот во периодот на вљубеноста губи околу еден час спиење. Причина за тоа е размислувањето за саканата личност која нѐ одржува будни.

4. Болките во телото попуштаат – Љубовта во мозокот активира исти рецептори на кои дејствуваат лековите против болка.

5. Стануваме сенилни – Во текот на вљубеноста во мозокот се ослободува окситоцин – љубовен хормон кој ја блокира меморијата. Резултат е чувство на отсутност и заборавеност.

6. Се активира љубомората – Ситуациите во кои не можете да се контролирате кога својот сакан/сакана ќе го видите во разговор со друга жена/маж, се први знаци на вљубеност. Имено, докажано е дека љубовта влијае на нашето чувство на заштита на саканата личност или со други зборови, таа ја активира љубомората.

7. Храната станува послатка – Во текот на истражувањата во кои учествувале вљубени студенти, задачата им била да пробаат различни продукти и да го оценат нивниот вкус. Резултатите биле неочекувани, имено, сите се согласиле дека храната и пијалаците што ги јаделе имаат сладок вкус.

8. Ја губиме концентрацијата – Несвесното размислување за партнерот ги нарушува нашите деловни вештини. Кога сме вљубени, послабо се концентрираме на извршувањето на задачите.

9. Гласот станува потенок – Во текот на комуникацијата со личност кон која имате некакви чувства, гласот добива повисока фреквенција и станува потенок.

10. Зајакнуваат коските – Едно истражување покажало взаемна врска помеѓу среќните двојки во брак и поцврсти и посилни коски.

Слични објави

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо

Нова Година 2024: Што може, а што не може да се подари во Годината на Змејот

Еспресо

Денес е Свети Никола, што да (не)правите на овој голем ден

Еспресо
Се вчитува....