11:00 - 1 ноември, 2026

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка, преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.

„Во последно време, во разговорите со мои пријателки, забележувам нешто што ме тера да размислувам.

Различни животи, различни обврски, но речиси иста приказна.

Едната работи по цел ден. Кога ќе се врати дома, ја чекаат домашните обврски, перењето, ручекот за следниот ден. Станува рано, понекогаш уште во пет часот наутро, за да успее сè да заврши. И така, ден по ден.

Има здравствени проблеми, болки во колената и грбот, се обидува да си помогне како што знае и умее, но кога ќе ја прашам кога конечно ќе одвои време за себе, одговорот е речиси секогаш ист:

„Немам време. Не знаеш колку сум зафатена.“

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Другата работи и класична работа и дома приватно како втора работа. Кога ќе ја прашам како е, секогаш исто: дека не спие доволно, дека е уморна, дека нема кој да ѝ помогне, дека никој не ја разбира… и дека повторно нема шанси да направи нешто за себе.

И додека ги слушам, ги разбирам. Знам дека нивните обврски се реални. Знам дека животот не е секогаш едноставен и дека не можеме едноставно да ги оставиме сите работи и да си посветиме цел ден на себе.

Но, во мене постојано се враќа едно прашање:

До кога вака?

Кога ќе почнеме да го сфаќаме сопственото здравје како обврска, а не како нешто за кое ќе се погрижиме кога ќе завршиме со сè друго?

Често работиме повеќе затоа што ни се потребни пари. Ги преземаме домашните обврски затоа што некој мора да ги заврши. Се грижиме за семејството затоа што го сакаме.

Но, што ако еден ден нашето тело едноставно не може да го следи темпото што сме му го наметнале?

Тогаш можеби нема да можеме да работиме толку. Можеби ќе ни бидат потребни повеќе помош, време и пари. А можеби токму тогаш ќе сфатиме дека она што постојано сме го одложувале не било луксуз, туку потреба.

„По 50-та веќе немам време за туѓите очекувања“ – личната приказна на велнес-советничката Марина Петровска

Не мислам дека решението е да се откажеме од работата или да престанеме да се грижиме за другите. Мислам дека треба да научиме да не се исклучуваме себеси од сопствената листа на приоритети.

Понекогаш почетокот е многу едноставен: редовен оброк, малку движење во согласност со нашите можности, подобра организација на денот, доволно одмор и навремена грижа за здравствените проблеми.

Не мора сè да смениме одеднаш. Но мора да престанеме да чекаме да се создадат идеални услови за да почнеме.

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Затоа што, ако постојано чекаме да завршиме со сите обврски за да дојдеме на ред самите, можеби никогаш нема да дојдеме.

Од овие разговори сфаќам дека понекогаш најтешко не е да најдеме еден час за себе. Најтешко е да си признаеме дека и ние заслужуваме да бидеме приоритет.

Не мора да чекаме да се разболиме за да сфатиме дека требало повеќе да се грижиме за себе.

А ти, дали навистина немаш време за себе или толку долго си навикната да бидеш на последно место што веќе не ни го преиспитуваш тоа?“

Слични објави

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.
Се вчитува....