10.8 C
Скопје
12:58 - 18 декември, 2024

Градови на романтиката: Најубавите дестинации за Денот на вљубените (ФОТО)

Денот на вљубените е ден кој секој сака да го помине покрај саканата личност на најромантичен начин. И додека многумина размислуваат за тоа како да го развеселат партнерот, се чини дека нема поубав подарок од заедничко патување на некоја несекојдневна дестинација.

Ви ги претставуваме некои од најубавите места во светот кои можете да ги посетите за Денот на вљубените:

Париз, Франција

Доколку барате идеја за вистинско романтично патување, посетете го Париз, најромантичното место на планетата.

Излезете на прошетка и посетете некои од прекрасните кафулиња во овој град. Посетете го Монтмартр за да доживеете вистинска романса. 

Виена, Австрија

Виена е град со големо историско и културно наследство и сигурно е дека ќе ви се допадне.

Има многу убави места кои може да ги посетите во овој град, како што се неверојатни замоци, цркви и музеи.

Санторини, Грција

Кога зборуваме за романтични места, го замислуваме белото село Оиа, синото море, како и две чашки вино, додека го гледаме заоѓањето на сонцето.

Ова може да биде идеална дестинација за да го прославите Денот на вљубените. Ќе уживате во секој момент поминат на овој остров.

Рим, Италија

Рим е еден од најромантичните градови во оваа земја, што го прави совршен кандидат за да го посетите на 14 февруари.

Има многу знаменитости кои ќе сакате да ги видите, како што се Колосеумот, Римскиот форум и Пантеонот, кој некогаш беше пагански храм, а подоцна стана црква. Рим има повеќе од 1.000 знаменитости, романтични ресторани и кафулиња во кои може да одите на романтична вечера.

Малдиви

Малдивите се дефинитивно најубавите острови во светот. Прекрасните плажи, коралните гребени и пристаништата го прават животот на Малдивите да биде прекрасен.

View this post on Instagram

The most beautiful place on earth? cc: Unknown

A post shared by Maldives (@maldives) on

Тиркизно сината вода и дрвените куќи над водата го прават ова место да биде совршена дестинација за меден месец.

Истанбул, Турција

Истанбул е град кој ги поврзува исток и запад, два континенти и две потполно различни култури. Тој е најголемиот град кој лежи на два континенти и еден од најубавите. Само некои од многуте локации кои можете да ги посетите се: Аја Софија, поранешна грчка православна црква, подоцна османлиска џамија, а денеска музеј, Топокапи – палата во која живееле султаните, а денеска исто така музеј и Сината џамија.

View this post on Instagram

#süleymaniye #goldenhorn #istanbul

A post shared by Istanbul (@istanbulcity) on

Постојат и неколку места на кои можете да се упатите во романтична прошетка со вашиот партнер/ка, а едно од тие места дефинитивно е Босфорскиот залив, кој ги поврзува Европа и Азија.

Фиџи

Фиџи е идеална и егзотична дестинација за сите парови. На овој остров има 200 морски паркови, има многу клисури, шуми со манго и природни базени.

View this post on Instagram

Momi Bay Fiji.

A post shared by Luxury Travel And Hotels (@luxurytravelandhotels) on

Освен неверојатните плажи коишто може да ги посетите на Фиџи, може да уживате во нуркање покрај коралните гребени или да пливате заедно со морските желки.

Бали, Индонезија

Една од најромантичните дестинации на светот дефинитивно е Бали. Ова место ќе ве воодушеви со својот ноќен живот и плажи кои ќе ве хипнотизираат со својата убавина.

Ова место во Индонезија има сѐ што ви е потребно, без разлика дали уживате во авантуристички спортови или сакате да минувате време во луксузно сместување. Благодарение на пријатната клима во текот на цела година, Бали можете да го посетите кога сакате, но секако, Денот на вљубените е повеќе од доволен изговор за вакво патување.

Бриж, Белгија

Бриж е мал град во Белгија кој изгледа како вистинско гратче од бајките.

Толку е величествењн што ќе ви го одземе здивот со својата средновековна арихитектура, мали куќички, канали и преубави места.

Значи, ова е навистина бајковито и романтично место.

Ќе ја засакате негова грандиозна и сликовита архитектура, како и неговите канали. Едноставно невозможно е да не размислувате на романтика кога еднаш ќе се најдете на некоја од улиците на овој град. Посетете го Бриж и уверете се.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....