8.8 C
Скопје
09:40 - 27 октомври, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Го пронашла татко ѝ по 58 години со помош на Фејсбук група!

Џули Лунд (58) не го видела татка си Рајан Ротери (83) 58 години и изгубила надеж дека некогаш повторно ќе се сретне со него. Но, сето тоа се промени кога Џули објави стара фотографија од своето детство во група на „Фејсбук“, пренесува „Би-Би-Си“.

Џули во описот на фотографијата напишала: „Дали некој го препознава семејството на оваа слика? Јас сум бебето во количка и фотографијата е направена околу 1963 година. Ви благодарам многу“.

фото: фејсбук/Dewsbury Pictures Old and New

Била воодушевена кога ја контактирало семејството од фотографијата кое извесно време се грижело за неа додека била бебе.

Но, објавата имаше уште една неочекувана последица…

Џули Лунд немала поим дали нејзиниот татко е сè уште жив и не знаела каде е. Но, охрабрена од реакцијата што ја добила нејзината слика, таа побарала помош и членовите во групата на „Фејсбук“ биле на мисија да го пронајдат нејзиниот татко.

Таа открила дека тој ја посетувал секоја недела кога била бебе и дека бил скршен кога нејзината мајка ја однела од таа област на Британија.

фото: фејсбук/ Dewsbury Pictures Old and New

„Мислев дека никогаш повеќе нема да ја видам, се чувствувам толку чудно“, вели Брајан, нејзиниот татко.

„Малку сум тажна поради целото време што го изгубивме, толку пати сме можеле да бидеме заедно, но нема смисла да гледаме назад, можеме само да гледаме напред“, рече Џули.

фото: фејсбук/ Dewsbury Pictures Old and New

Нејзиниот татко повтори дека му се случило чудо – иако не верувал во чуда.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....