09:51 - 16 ноември, 2026

КОГО ЉУБЕЛ ЏОРЏ КЛУНИ ПРЕД АМАЛ: Холивудскиот заводник првото „да“ го рекол во Лас Вегас

џорџ клуни

Иако долго време ја носеше титулата вечен ерген, вистина е дека Џорџ Клуни бил во брак уште пред да ја запознае Амал.

Имено, актерот беше во брак со две години постарата актерка Талија Балсам. Таа исто така е и успешна актерка која сигурно сте ја забележале во многу серии и филмови.

Како што еднаш рекол Клуни , тој бил прилично млад во тоа време. Актерот имал 28 години, а венчавката се одржала секако, во Лас Вегас, каде што веројатно сведок им бил некој Елвис.

Бракот траел речиси четири години, По разводот во повеќе прилики истакнуваше дека повеќе нема да се жени, бидејќи бракот очигледно не е за него.

Меѓутоа, тогаш во неговиот живот влезе адвокатката Амал која буквално го маѓепсала, па парот го кажа судбоносното „да“ во 2014 година во Венеција. Тие сега се родители на близнаците Ела и Александар.

џорџ клуни, амал клуни
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Талија подоцна се омажи за познатиот актер Џон Слејтер, познат по улогите во сериите „Mad Men“ и „Desperate Housewives“ и со него доби син.

Слични објави

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.
Се вчитува....