9.8 C
Скопје
19:17 - 26 октомври, 2026

(ФОТО) ЈУЖНОКОРЕЈСКИ ФОТОГРАФ ПРЕТВОРА ПОСТАРИ ЛИЦА ВО МОДНИ ИКОНИ: Годините се ништо

Минхјун Ву веќе е еден од највпечатливите и интересните современи автори на модната сцена. А меѓу работните ангажмани со кои се гордее е соработката со италијанскиот бренд „Gucci“ и секако, корејското издание на модната библија „Vogue“ за кое веќе подолго време се зборува.

Фотографот Минхјун Ву својата главна инспирација вели дека ја наоѓа во природната убавина која е присутна во секој човек на планетата.

Фотографира негови соработници, пријатели и познаници кои се веќе во подлабока старост на чиј лица се присутни мудроста и нивните животни предизвици.

Авторот се обидува да ја долови убавината на жените од различни возрасти, со акцент на колоритни комбинација на облека кои додаваат дополнителна живост на целото дело.

Покрај луѓето и насмеаните лица, вообичаен мотив на фотографиите се и – цвеќињата.

На неговите фотографии честопати е присутна и традиционална корејска облека – ханбок со што овој фотограф става дополнителен печат на својата култура.

Кога ги фотографира, на своите модели им дозволува да бидат целосно природни и спонтани а тоа се гледа и од нивните експресии.

Слични објави

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.
Се вчитува....