4.8 C
Скопје
01:52 - 17 март, 2026

(ФОТО) ФЛЕРТУВА СО МОДАТА: Кралицата Ранија повторно блесна во шик комбинација

кралица ранија

Кралицата Ранија од Јордан негува автентичен моден вкус, па од неа не се очекува ништо помалку од беспрекорност кога и да се појави во јавноста, а и овој пат се справи со модниот предизвик кој самата си го постави.

(ФОТО) ИЗГЛЕД НА ДЕНОТ: Ранија од Јордан во фармерки по последен тренд

Сопругата на Абдула Втори пред неколку дена присуствуваше на изложба на ракотворби во Абдун, каде што беа изложени свеќи, модни додатоци, корпи, перници… бројни ситници украсени на традиционален начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Ранија за оваа пригода избрала многу ефикасен стајлинг кој зрачи со елеганција, но има и примеси на азиската традиција.

Јорданската кралица носеше долга туника од брендот „Loewe“ во многу впечатлива сина боја, модел чиј заден дел е уште подолг, а затворената јака ја красеше долга марама што паѓа долж нејзиното тело, а оваа интересна облека ја искомбинирала со едноставни бели широки панталони.

Со оглед на тоа што е вистинска махерка во комбинирање на бои и детали, сопругата на кралот на Џордан носеше салонки на модната куќа „Christian Dior“ во слична нијанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by About Her (@aboutherofficial)

Ранија решила да остане доследна на својот разигран стил, па овојпат не играла на сигурно и не се одлучила за бела или сина чанта, туку целата комбинација ја направила уште пошарена и повозбудлива со помош на чантата во жолта лимон боја од брендот „Loewe“. Едноставно, совршено.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....