05:53 - 25 февруари, 2026

ФАНТАСТИЧНА ИДЕЈА И ГОЛЕМА ЗАШТЕДА: Овие двајца сопружници носат иста облека

Грејс Сергај

Грејс Сергај од Нотингем раскажа дека заштедила над 800 фунти за сосема нова зимска гардероба.

34-годишната Грејс вели дека позајмува облека од нејзиниот сопруг, како на пример широки џемпери и кошули, па дури и фармерки.

Имено, таа и нејзиниот сопруг Рајан Кенвард кога одат во шопинг избираат парчиња облека што и двајцата можат да ги носат, а оттогаш, како што велат, заштедиле многу пари.

„Ова е голема заштеда на пари за паровите. Никој од моите пријатели и пријателки кои се во врска не ни помислиле на ова, а толку многу се заштедува на облека. Фармерките и широките џемпери се во мода оваа сезона, и тие се навистина скапи, па наместо да купувам нова облека, јас едноставно си позајмувам од мојот сопруг затоа што добро ми стои“, вели Грејс за „Сан“.

Овој пар успеале да набават неколку панталони, фармерки и кошули по намалени цени, со што скратиле голем дел од нивните трошоци.

„На овој начин веднаш ги преполовуваме сметките на половина, особено кога купуваме со попусти“, додава тој.

Фармерките и панталоните се носат на различни начини.

„Верувајте ми, ова е одлична работа ако вие и вашиот партнер сте со слична градба и стил. На Интернет има премногу избор за унисекс гардероба, односно неутрална облека. Навистина има многу работи, само треба да вложите малку време и напор. Опцијата е повеќе отколку што мислите“, вели Грејс.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....