10:52 - 31 март, 2026

Еве колку на жените им е навистина потребно за да доживеат оргазам!

Ново истражување покажа дека жените повеќе уживаат во сексот доколку тој трае подолго, а им треба и подолго време да доживеат оргазам. Откриено е колку точно време им треба на жените да доживеат оргазам, како и тоа дека мажите мислат дека им треба многу помалку.

На просечен маж потребни му се околу 6 минути да доживее оргазам, а на жените им треба дури два пати повеќе и тоа околу 13,41 минута.

Истражувањето е спроведено на 645 хетеросексуални жени од 20 земји, воглавно Велика Британија, САД, Холандија и Индија. Жените кои учествувале во истражувањето се во моногами врски, а просечната старост е 30 години.

На жените им била дадена задача да го измерат времето од кога станале сексуално возбудени до моментот во кој доживеале оргазам.

Profimedia

Времето го мереле 8 недели, а мерењата се движеле од 12,76 до 14,06 минути, а дури 17% од жените ниту еднаш не доживеале оргазам.

Покрај сето тоа, истражувањето покажало дека вагиналниот секс ретко е заслужен за оргазам, бидејќи само 31,4% од жените го постигнале така. Дури 68,8% од жените морале да почувствуваат и друг вид на стимулација за да доживеат оргазам, а тука биле вклучени бакнување, нежно грицкање и допирање на други делови од телото.

Исто така, некои сексуални пози се покажале како поефикасни од другите, а најмногу жени сакаат кога тие ја контролираат играта, односно кога се на „врвот“ – дури 42,2% од нив.

Статусот на врската не бил клучен, бидејќи на венчаните и невенчаните жени им требало отприлика исто време за да доживеат оргазам, но пронашле и некои изненадувачки фактори кои го убрзуваат доживувањето на оргазамот. Еден од факторите е носење на чорапи – се воспоставило дека оние кои за време на сексот носеле чорапи, имале зголемено ниво на задоволство.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....