7.8 C
Скопје
01:44 - 19 март, 2026

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ја одржува својата линија со МАСЛО ОД ГРЕЈПФРУТ, а Никол Кидман со варени јајца: Најбизарните диети на славните дами

Овие славни дами за да имаат идеална линија подготвени се на сè. Тие се постојано изложени на погледи од јавноста, а притисокот што го трпат е огромен. Од нив се очекува да изгледаат совршено во секое време, па затоа и прибегнуваат кон сосема бизарни методи на слабеење. Еве за што станува збор:

Рене Зелвегер – диета со коцки мраз

Бидејќи требала да се здебели многу за потребите на улогата на Бриџит Џонс, оваа реномирана и наградувана актерка решила да ја отстрани својата тежина со строга диета, што вклучува само консумирање коцки мраз во внимателно одрабен временски период.

Џенифер Лопез – масло од грејпфрут

Истражувањата покажаа дека маслото од грејпфрут содржи ароми кои можат да го намалат апетитот. Имено, Џенифер Лопез е една од славните кои секогаш во чантата има масло од грејпфрут. Извори тврдат дека Џенифер го „вдишува“ три пати на ден по 15 минути, со цел да го потисне апетитот.

Мишел Фајфер – диета со медитација

Оваа многу опасна диета се практикува како дел од култот чии следбеници веруваат дека преку процесот на медитација човек може да живее само од воздух и сонце. Мишел Фајфер признала дека била дел од овој култ на почетокот на нејзината кариера и дека го применувала овој метод на одржување на тежината.

Ферги – јаболков оцет

Иако не се придржувала на ригорозен план на исхрана како останатите ѕвезди, пејачката смета дека за нејзината витка линија е заслужен јаболковиот оцет, кој го земала по две лажици на ден. Како што и самата призна, таа, исто како и Мишел Фајфер, некое време го практикувала методот на медитација за да стигне до идеална тежина

Никол Кидман – тврдо варени јајца

Додека го снимала филмот „Cold Mountain“, Никол Кидман била на диета со тврдо варени јајца. Оваа диета не е премногу комплицирана – ниту здрава: таа јадела едно варено јајце наутро и две до три навечер.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....