5.8 C
Скопје
01:59 - 21 февруари, 2026

БОЖИЌ ВО ЊУЈОРК: Најпознатата елка на светот осветлена по две години!

Оваа недела новогодишната елка во Рокфелер центарот во Њујорк по пауза од речиси две години повторно беше осветлена. Многумина њујорчани овој момент го сметаат за симбол на зимските празници. Последен пат тоа се случи во 2019 година, поради што домородците посебно го чекаат овогодинешниот момент на палење на светилките на најпознатата новогодишна елка во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colton Ackerman (@coltonackerman)

Овогодинешното дрво е 85-годишна норвешка смрека, висока скоро 25 метри и тешка скоро 12 тони и доаѓа од фарма во Елктон, Мериленд. Тимовите неуморно работеа за да го завиткаат дрвото во повеќе од 50.000 шарени LED светилки. Тридимензионалната ѕвезда на врвот на дрвото чинеше околу 1.000 долари, има 70 шила покриени со кристали Сваровски и е дизајнирана од архитектот Даниел Либескинд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The New York Times (@nytimes)

За њујорчаните ова е долгогодишна божиќна традиција која потекнува од работничката класа.

Имено, првата елка пред Рокфелер центарот била поставена во далечната 1931 година, кога работниците ги здружиле силите и со свои пари купиле елка. Мажите потоа ја украсиле елката со рачно изработени венци направени од нивните семејства. Од 1933 година, овој момент стана традиција која продолжува до ден-денес.

(ФОТО) Како започнал трендот за китење елка

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....