18.8 C
Скопје
01:36 - 27 јули, 2024

Водолијата е чудна, Близнаците зборлеста: Каква мајка сте според хороскопскиот знак

Астролозите ги опишаа стиловите и начините на мајчинство на претставниците на секој знак на Зодијакот, пишува Њујорк пост.

Овен – жешка
Секогаш под стрес кога е во прашање детето и енергични мајки Овен се склони кон експлозивни испади, поради што нивните деца бараат засолниште под перничињата на софата или во слушалките со музика. Обидувајќи се да ја искупи својата вина, мајката Овен ќе ги смири своите деца со подароци.

Бик – површна
Со Венера, планетата на естетиката, мајките Бикови можат да бидат површни и осудувачки во најлош случај. Неконтролирана, оваа комбинација може да предизвика лути тинејџери со ниска самодоверба.

Близнаци – зборлива
Карактеристични мајчински неуспеси на Близнаците се негрижата и зборливоста. Како воздушен знак, тие поверојатно ќе ви дадат песна за појадок отколку вистинска храна. Исто така, овие мајки се несигурни раскажувачи, а нивната искривена верзија на настаните често предизвикува нивните деца да ја доведуваат во прашање структурата на нивната реалност.

Рак – секога загрижена
Ниту еден знак не е помајчински по природа настроен од Ракот. Прилагодени на потребите и емоционалните осцилации на нивните деца, тие се длабоко вознемирени кога нивните потомци го напуштаат гнездото.

Лав – забавна
За мајката Лав, децата се продолжение на нејзината соларна енергија. Овие мајки не се извинуваат, но ќе направат се да биде драмтично и видливо, особено кога е во прашање организирањето на бурна роденденска забава.

Девица – неконвенционална
Стилот на родителство на мајките Девици осцилира помеѓу интензивно и неконвенционално. Поради ова, децата на Девицата растат со наклонетост кон музиката, имаат силен имунитет, силна работливост а понкогаш дури и параноја.

Вага – неконфликтна
Не е склона кон конфликти и не организира јавни драми, мајката Вага ​​дозволува многу во име на одржување на мирот и пристојноста. Управувани од Венера, тие инсистираат нивните деца да ја сочуваат нивната естетика, но и да бидат дотерани во брендови. За овие мајки понекогаш е поважно како изгледа детето отколку како се чувствува.

Скорпија – секогаш будна
Нема криење од мајката Шкорпија. Сомнителни по природа, го дознаваат секој страв и сите тајни на своето дете. Нема никакво криење од ваквата мајка, дури и да ве излуди и да побегнете од дома, таа ќе ве најде.

Стрелец -бонтон учителка
Никој не се грижи помалку за чувствата на децата и повеќе за нивната човечка пристојност како мајката Стрелец. Трагикомични спомени од детството се загарантирани.

Јарец – строга

Мајката Јарец ја презеама улогата на „тато“: по некое шамарче, пиење виски, груб јазик. Приказните пред спиење имаат форма на инвестициски совети. Недостатокот на емоционална достапност тие го компензираат со финансиска стабилност. Овие жени веруваат дека љубовта, како и добриот кредитен рејтинг, мора да се заработи. Тие сакаат нивните деца да станат подобри. Како резултат на потрагата по совршенство, децата на мајките Јарец стануваат или луди средношколци или мизерни губитници.

Водолија – чудна
Водолиите, во нивната секојдневна борба за рамнотежа помеѓу генијалноста и лудилото, можат да заборават дека имаат деца. Управувани од суровата планета Сатурн и панк-рокот кој го симболизира планетата Уран, мајките Водолија се или чувари или тотални чудаци.

Риби – сонувач
Мајките Риби се сонувачи и обично не се мешаат во работите на своите деца. Овие водени знаци имаат многу поголема веројатност да изградат тврдина околу своето дете и тоа самото да не знае што е сон а што е вистински живот. Длабоко во себе, Рибите се двоумат кога станува збор за одговорноста за децата.

Сите ќе им завидуваат: Два хороскопски знаци ќе блеснат на деловен план до крајот на мај

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....