01:32 - 7 ноември, 2026

Среќата ќе ги следи: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на судбината во јули

Астролозите именуваа три знаци од Зодијакот кои ќе имаат многу среќа во претстојниот месец јули. Среќата ќе биде на нивна страна цел месец, па тие треба да „удрат“ додека е жешко железото.

Лав

Следниот месец лавовите ќе доживеат необична романтична возбуда. Ќе сакаат да си го направат животот вистинска бајка, па ќе се опкружат со вистински луѓе. Интересно е што може да има мали интриги, но ако не „паднете“ на нив, туку го дадете срцето на романтична и добра личност, тогаш од среќа ќе бидете на седмо небо! Приближете се до оние кои се достојни за вашата кралска природа.

Девица

Вашата работа ќе ви донесе добри резултати. Надредените високо ќе ја ценат вашата желба да се развивате и да го направите бизнисот попрофитабилен. Затоа, можете да добиете многу интересна понуда. Се разбира, новите предизвици не можат да се избегнат, но во исто време ќе станете навистина докажан професионалец во својата област. Може да се подобри и вашата финансиска состојба – и тоа значително!

Стрелец

За Стрелците јули ќе биде месец на авантури и нови искуства. А нели вие тоа најмногу го сакате?! Одложете сè за подоцна и правете го само она што ви носи вистинско задоволство. Можете да патувате со пријателите или со вашиот партнер/ка. Ќе ви се случуваат неверојатни работи, чуда и бројни задоволства…

Астропрогноза за четврток, 27 јуни: Добри вести за стрелците, загуба на пари за бикот

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....