6.8 C
Скопје
02:47 - 30 јануари, 2026

Што НИКАКО да не правите на ретрограден Меркур – од 29.12.22 до 18.01.23 – важи за сите хороскопски знаци

Во деновите од 29.12.22 до 18.01.23, паметната и испитувачка планета Меркур ќе се сврти во спротивна насока, односно ќе биде ретроградна, и повторно ќе помине низ патеката од 25-тиот до 9-тиот степени на Јарец.

Но што значи тоа: За време на ретроградното движење на Меркур, на глобално ниво ќе има период на нерамнотежа во светот, што ќе доведе до неуспеси и искривување на информациите, но и до несогласувања меѓу луѓето.

За време на периодот на ретрограден Меркур во Јарец, меморијата ќе страда, заборавот и отсутноста ќе напредуваат, а „умот се вклучува на автопилот“.

Ќе имате проблеми со концентрацијата, ќе биде тешко да се размислува, систематизира и да се анализираат информациите.

Во ретро периодот подгответе се за какви било настани кои не одат според планот и неочекувано ви го расипуваат расположението.

Животот ќе биде полесен ако не го комплицирате во овој период и ако бидете внимателни и претпазливи.

Еве на што сите астролошки знаци треба да внимаваат кога се случува ретрограден Меркур.

Не почнувајте нови проекти и врски

Кога Меркур е ретрограден подобро е да не започнувате нови проекти ни на работа ниту во приватниот живот. Посветете се на завршување на започнатите работи, а со новите планови почнете после 18.01.23. Не потпишувајте договори, не започнувајте нови работи, а никако не помислувајте на селидба. Врските кои почнуваат кога е во тек ретроградниот Меркур, не траат долго.

Проверете ги меиловите по два пати

Ретроградниот Меркур ја отежнува комуникацијата, па вашите зборови можат да се протолкуваат на различни и непријатни начини. Внимавајте како се изразувате, што сакате да кажете и да напишете, а секој имеил прочитајте го по два пати пред да го испратите. Посебно внимавајте и во комуникацијата со партнерот. Можеби сега не е вистински момент да зборувате за бракот, децата и слични важни одлуки.

Не планирајте патувања

Веруваме дека до сега зимскиот годишен одмор веќе го организиравте, зашто ретроградниот Меркур влијае и на патувањата. Ако тргнувате баш сега на одмор, двапати проверете ги резервациите за сместување, превозот, автобуските/авионски билети. Одложувања и доцнења се многу честа појава за време на траењето на овој феномен. И да, внимавајте на куферите. Често се случува во овој период да се изгубат.

Проверете го автомобилот

Вашиот лимен љубимец почна да испушта чудни звуци? Тоа не е чудно, Меркур е ретрограден. Автомобилот однесете го на проверка пред патување.

Не купувајте нови технолошки апарати

Купувањето на нов мобилен, компјутер или автомобил оставете го за подоцна, по 18.01.23. Ретроградниот Меркур има големо влијание и во сферата на технологијата. Истовремено, немојте да се зачудите ако во овој период ви се расипе некој од апаратите за домаќинство.

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....