Овен
Тврдоглавост. Никако да излезете од тој маѓепсан круг. Соработниците не сакаат да бидат дел од вашата „лоша приказна“. Емотивно сте задоволни со својот статус во врската или во бракот. Слободните мора повеќе да се посветат на самите себе и на своите емоции. Премногу бирате.
Бик
Во љубовта сте толку таинствени, и тоа поради вашата идеја да му го свртите паметот на еден колега. Вие секако сте во центарот на вниманието на работа, а тоа се должи на некоја ваша поранешна постапка. Планирате големи промени и имате потреба за работно место на кое би дошле до полн израз.
Близнаци
Ќе бидете полни со самодоверба, но ова може да биде причина за конфликт. Сега е време да поработите на врската со најблиските пријатели. На професионално поле, можно е да ви се одложат некои планови. Но, ова ќе ви биде од корист. Во љубовта ќе надминете голема пречка. Бидете поспонтани.
Рак
Ако веќе планирате некое патување, прво седнете и пресметајте се. Мора да знаете дали вашиот буџет може да го издржи тоа патување. Со партнерот ќе делите по половина. Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите.
Лав
Вашиот приватен живот ја интригира околината и многумина ќе се обидат да се мешаат во вашиот однос со партнерот, а тоа нема добро да се одрази на вашиот однос со саканата личност. Со еден добар пријател ќе влезете во голем конфликт поради неисполнети обврски и ветувања.
Девица
Не дозволувајте им на емоциите да ве надвладеат. Зборувајте отворено со вашите најблиски. На работното место, прифатете ја поддршката на колегите. Денес ви е потребна. Секојдневните проблеми имаат лошо влијание врз вашиот љубовен живот. Поработете на тоа.
Вага
Ако сè уште не сте го запознале семејството на саканиот, тоа ќе се случи деновиве. Денот ви носи некои нови можности на професионален план и ако се поставите пријателски кон една важна личност, можете да очекувате зголемување на приходите или некаков друг вид на унапредување.
Скорпија
Средбата со еден Лав со кој работите ќе ги промени вашите погледи на љубовта. Ќе разбуди во вас нова исконска емотивна природа. Вие сте револуционер во она што го правите. Никој не верува дека една личност повлечена како вас ќе биде толку бунтовна. Само новите идеи победуваат.
Стрелец
Денес ќе ви биде еден од најсреќните денови од годината. Ова е ден кога треба да започнете да се стремите кон сопствената среќа. Не си поставувајте ограничувања. Притисоците на работното место ќе ви се намалат и ќе имате многу хармонични односи со колегите.
Јарец
Ќе бидете пообјективни во врска со плановите за иднина. На работното место ќе се исплати упорноста и трудот. Ќе го разберете вашиот вистински потенцијал. Денес вашиот партнер ќе добие големо внимание од вас, по кое копнее со денови. Ако сте имале недоразбирање, денес ќе го решите. На работа ќе бидете ѕвезда!
Водолија
Денот ќе ви помине во знакот на финансиски добивки и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Ова е ден кога не смеете да ги криете вашите идеи. Финансиската состојба ќе оди по нагорна линија, па би можете да си дозволите и шопинг. На работа ќе бидете повеќе од задоволни.
Риби
На работното место ви се отвора ново поглавје, нови убави можности. Можно е да добиете нова работна позиција или зголемување на платата. На љубовен план, ќе бидете далеку послободни и поспонтани. Заедно со саканата личност ќе ги освежите и подобрите односите.