5.8 C
Скопје
07:50 - 18 февруари, 2026

ШТО ИМ НОСИ РЕТРОГРАДНИОТ МЕРКУР на хороскопските знаци (10 мај – 3 јуни): Нарушени планови, промени во последен миг, штетни договори, загуби на пари…

меркур

Меркур во ретроградниот период влегува на секои три до четири месеци, а во наредниот период тоа ќе се случи на 10 мај и ќе трае до 3 јуни.

За тоа време Меркур ќе биде ретрограден во знаците Близнаци и Бик. Додека е во Близнаци, можете да очекувате проблеми во комуникацијата, кавги на работа, недоразбирања со саканите… Додека е во Бик пак, ретроградноста на Меркур ќе влијае на материјалните работи, приходите и расходите, но и на сликата што ја имаме за себе, на нашата самодоверба.

Што не чека за време на ретроградниот Меркур?

Нарушени планови

Времето и ретроградниот Меркур не одат заедно – за време на неговото траење, многу планови ќе бидат откажани, расипани, пореметени, а некои дури и во последен момент. Лесно може да се случи да заборавите на некој важен состанок или да сте лошо организирани и да не пристигнете. Во овој период распоредот нема да биде од голема корист, а може да се очекува и хаос во сообраќајот.

Конфликти во комуникацијата

Меркур управува со комуникацијата, па кога е ретроградне, постои голема веројатност за недоразбирање, погрешно толкување на информациите од другите или дури и кажување на нешто што не го мислиме. Размислете пред да зборувате и мудро избирајте ги зборовите! Размислете добро пред да притиснете „испрати“ (порака, смс).

Избегнувајте да започнувате нови проекти и да потпишувате договори

Не се препорачува потпишување договори, донесување важни одлуки, купување или започнување нови проекти за време на ретроградниот период на Меркур. Големи се шансите да пропуштиме некои важни детали, да бидеме збунети, да донесеме лоша, импулсивна одлука за која подоцна можеме да зажалиме. Обидете се да ги одложите сите поголеми нови потфати или аранжмани додека не заврши ретроградноста.

Направете резервна папка

Бидејќи Mеркур управува со информациите, чувајте ги вашите документи, податоци зашто вашиот компјутер или телефон може да се расипе. Најдобар совет е да направите резервна копија на сите ваши подаоци.

Што ќе биде добро во овој период?

Ретроградниот Меркур сам по себе не е лоша работа – ако знаете што да очекувате и преземете соодветни мерки на претпазливост, можете да го искористите за да видите каде сте, до каде сте стигнале и каде одите. Направете дополнителен напор да забавите, да размислите за сè. Интроспекцијата е секогаш добра.

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....