1.8 C
Скопје
13:12 - 20 декември, 2024

СЕКСИ ХОРОСКОП: Каков е сексуалниот стил на секој хороксопски знак и што ги пали

секс

Овен

Страсни и нетрпеливи Овените се љубовници кои не се заинтересирани да ве воодушевуваат со цвеќиња и романса. Тие се актери, а не сонувачи и претпочитаат енергична забава наместо долготрајна сесија на водење љубов. Ако тоа го сакате и вие, ќе имате партнер посветен да ве задоволи меѓу чаршафите, но подобро е да не се занимавате со предигра бидејќи нема да добиете многу.

Сексуално компатибилни хороскопски знаци: Лав, Стрелец, Близнаци, Водолија

Што ги пали: Нешто различно, агресивни партнери. Овенот се возбудува кога е воодушевен и изненаден.

Што ги одвраќа: Рутина. Закажувањето секс секој вторник и четврток со вашиот Овен е сигурен начин да му здосадите.

Бик

Биковите сакаат да бидат полека заведени. Овие сензуални љубовници размислуваат за нивните одлуки, но штом ќе одлучат дека вие сте тие, ќе ве сакаат само вас. Бик сака намерен, некомплициран секс и поседува либидо кое, откако ќе се ослободи, може да тера цела ноќ.

Сексуално компатибилни хороскопски знаци: Девица, Јарец, Рак, Скорпија, Риби

Што ги пали: Биковите паѓаат на сите традиционални алатки на заведување.

Што ги одвраќа: Ако се појавите во нивната куќа во костим од кожа и камшици на Биковите нема да им биде најудобно.

Близнаци

Близнаците прво се стимулираат ментално, а второ физички. Откако ќе ги возбудите, повлечете ги во спалната соба пред да му се одвлече вниманието, бидејќи умот на Близнаците лесно талка. Тие сакаат да зборуваат за време на сексот, сакаат да зборуваат за секс.

Сексуално компатибилни хороскопски знаци: Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец

Што ги пали: Секси разговор и новитети. Кажете им што ќе им направите и уште подобро, направете нешто што никогаш претходно не го направиле.

Што ги одвраќа: Преголемо порзување. Иако можат да бидат среќно моногамни, тие сакаат да се чувствуваат слободни.

РОДЕНИ ЕДЕН ЗА ДРУГ: Ова е најидеалната љубовна комбинација во зодијакот

Рак

Екстремно емотивнниот Рак сака врска, а штом ве има во канџите, не сака да ве ослободи. Овие интензивни, сериозни, посесивни љубовници се фокусираат во еден партнер со кој да се вклучат во сите нивни омилени сензуални активности. Иако на почетокот можеби се срамежливи, тие се нежни и длабоко приврзани откако ќе се чувствуваат удобно.

Сексуално компатибилни знаци: Бик, Девица, Јарец, Скорпија, Риби

Што ги пали: Одлична храна и многу доверба. Направете ја вашата Рак разработен оброк и дајте ѝ до знаење дека може да биде ранлива со вас, и можеби ќе имате таа да ве задоволи засекогаш.

Што ги одвраќа: Што и да правите, не ги повредувајте нивните чувства оти воден знак лесно се навредува.

Лав

Лавот сака да биде ѕвезда и копнее за признание и публика, а ако продолжите да му аплаудирате, тој ќе продолжи да ве задоволува. Овие природни љубовници се исклучително сексуални, инвентивни и посветени.

Сексуално компатибилни знаци: Овен, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија

Што ги пали: Бескрајно ласкање. Кажете им дека се прекрасен, духовити и добри во кревет.

Што ги одвраќа: Шефување. Лавот мора да биде главен, или барем да мисли дека тој е главен.

Девица

Девиците сакаат да имаат секс во чиста и убава средина. Тие се слатки, романтични, уредни луѓе кои напредуваат во мирни врски и често претпочитаат да бидат со помалку агресивниот партнер. И покрај тоа што може да се однесуваат шокирани кога ќе им предложите нешто екстравагантно, тие потајно се воодушевени.

Сексуално компатибилни знаци: Бик, Јарец, Рак, Скорпија, Риби

Што ги пали: Чисти чаршафи, традиционално додворување.

Што ги одвраќа: Не фрлајте ги на земја во обид да ги возбудувате.

ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Ова е причината поради која ви раскинуваат

Вага

Софистицираната Вага му приоѓа на сексот со ментален наклон и често е заинтригирана од еротиката и новите концептуални пристапи кон задоволството. Слободоумни се, но префинети, па веројатно ќе сака да ги проба повеќето активности.

Сексуално компатибилни знаци: Близнаци, Водолија, Овен, Лав, Стрелец

Што ги пали: Добро журка и ноќ помината на социјален настан. Можеби и подароци.

Што ги одвраќа: Вагите не се заинтересирани за водење љубов под ѕвездите, освен ако не се во луксузна кабина.

Скорпија

Сите знаат за сексуалниот нагон на Скорпиите. Таа се заинтересирана за трансформативно водење љубов, а не само 20 минути брз секс. Скорпија или е тотално незаинтересирана за вас или целосно е фокусирана на вас. Откако таа ќе одлучи дека вие сте тие, ќе ви покаже неуморна љубов и мрачна еротска акција.

Сексуално компатибилни знаци: Рак, Риби, Близнаци, Девица, Вага, Водолија

Што ги пали: Разбирање. Кога знаете што сака Скорпија, направете го тоа за нив.

Што ги одвраќа: Досадни и наметливи луѓе. Ако мислите дека имате контрола, Скорпијата ќе ве откачи.

Стрелец

Овој жесток, ентузијастички светски патник ќе направи да се чувствувате како единствената личност на светот кога е во кревет со вас. Стрелецот е отворен, авантурист и посветен на забавата. Очекувајте тој да биде похотен кога е на ново и возбудливо место.

Сексуално компатибилни знаци: Овен, Лав, Близнаци, Вага, Водолија

Што ги пали: Авантура. Натерајте го Стрелецот да ве гони.

Што ги одвраќа: Предвидливост. Ако секогаш сакате да останете дома и да гледате филмови во сабота…

Какви заводници се хороскопски знаци во Зодијакот?

Јарец

Јарецот е еден од најстрасните знаци и тоа скоро никој не го знае. Бидејќи љубовникот Јарец е сигурен, амбициозен и одговорен, тој често ја сублимира својата сексуална желба. Но, под професионалната надворешност, тој е подготвен за акција. Тој е приврзан, директен и посветен на задоволството. Јарците се многу издржливи.

Сексуално компатибилни знаци: Бик, Девица, Рак, Скорпија, Риби

Што ги пали: Јарците ги привлекуваат паметни, остварени луѓе кои се подготвени да го направат првиот потег и имаат трпение да ги намамат од работа со секси облека, романтичен оброк. Обожаваат однапред да планираат „ноќи за секс“.

Што ги одвраќа: Спонтаност и чудаци.

Водолија

Либидото на Водолија расте во однос на менталната стимулација. Подготвени се да пробаат што било ако звучи интересно. Вашиот воздржан, ладнокрвен љубовник Водолија почнува бавно, но може да биде доведен во диво страсна состојба – и штом ќе биде во неа, ќе бидете воодушевени.

Сексуално компатибилни знаци: Близнаци, Овен, Лав, Стрелец

Што ги пали: Разговор, необични личности, интелектуални определби.

Што ги одвраќа: Ако сте конвенционален тип без темна страна, водолиите нема да ви обрнат внимание.

Риби

Овој љубовник е камелеон, способен да го смени својот стил според вашите потреби и желби. На Рибите им недостига практичност – тоа, во комбинација со нивната љубовна природа, ентузијазмот за сè телесно и природната емпатија ги прави талентирани да ги задоволуваат другите и да прифаќаат задоволство.

Сексуално компатибилни знаци: Скорпија, Рак, Бик, Девица, Јарец

Што ги пали: Кога сте среќни, тие се среќни, затоа погрижете се да покажете дека ги цените.

Што ги одвраќа: Не бидете ладни со Рибите бидејќи ќе го изгубат либидото.

ИМААТ ПОСЕБЕН МАГНЕТИЗАМ: Ова се трите најпривлечни хороскопски знаци

извор: „yourtango“

Слични објави

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо
Се вчитува....