03:06 - 26 март, 2025

ОД 6.МАРТ ПРИСТИГНУВА МОЌЕН АСТРО ПЕРИОД КОЈ НОСИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Што ќе предизвика за хороскопските знаци Марс во Водолија?

астрологија 3

Марс е планета на енергијата, но и на борбеноста, на преземањето акција. Марс е „машката“ енергија и го означува начинот како реагираме. Затоа, бидете внимателни со воинот- Марс во Водолија кој тука ќе се задржи се до 15.април!

Преминот на Марс во Водолија заедно со Венера на истиот датум ќе донесе судбоносни промени, па многу астролози велат дека ништо нема да биде исто до средината на април.

Бидејќи Водолијата е воздушен знак кој се бори за својата слобода и ставови, јасно е дека положбата на Марс на ова место ќе биде таква што ќе мораме да бидеме поодлучни и понезависни во секоја смисла.

Марс во Водолија не е агресивен, дури и кога ќе се „налути“, брзо го потиснува својот гнев, па од 6 март сите хороскопски знаци ќе мораат да најдат начин поинаку да ги решаваат конфликтите.

Најпосле, тука е и стариот мудрец – планетата Сатурн, во хармоничен аспект со Марс, што секако ќе спречува неконтролирани изливи на бес.

Што може да очекуваме во периодот на Марс во Водолија?

ОВЕН – Ќе почувствувате промена кога станува збор за пријателството со некои луѓе. На работен план пак, она што сакате да го постигнете како идеја ќе се промени драстично од 6 март, бидејќи Марс може да го промени текот на вашиот живот.

БИК – Непредвидени околности на работото место ќе донесат големи промени. Можни се и промени во професијата и дури на самото работно место.

БЛИЗНАЦИ – Потребата за патување и слобода ќе почне значително да расте. Одеднаш  ќе почувствувате дека го разбирате животот на сосема нов начин.

РАК – Ќе треба да го промените начинот на кој ги трошите парите. Ова е можност да станете поштедливи.

ЛАВ – Драстични промени во партнерствата. Институцијата брак се повеќе ќе губи смисла во вашиот живот,  па вие и вашиот партнер мора да се договорите за послободна врска. Во секој случај, промена на системот на вредности.

ДЕВИЦА – Пред вас е период на важни промени на работното место. Од вас ќе се бара вложување на поголема енергија на работа, што би требало да биде и предизвик за вас. Подгответе се за најнеочекуваното од вашите однапред испланирани планови.

ВАГА – Ако имате деца, ќе мора да го промените односот кон нив. Ова е периодот кој ќе ви донесе промена и во погледот на љубовта. Ќе треба да покажете поголема страст и отвореност кон личноста која ви значи.

СКОРПИЈА – Семејни проблеми, па дури и можност за преселба. Можни се компликации околу имотот.

СТРЕЛЕЦ – Ќе станете многу поостри во комуникацијата. Ова ќе ви помогне да се фокусирате на она што ви е важно и отворено да го побарате. Ќе имате впечаток дека доколку не ги искажете отворено своите ставови, може да се „изгубите“ себеси.

ЈАРЕЦ – Марс и Венера во Водолија ви носат нов начин за заработка. Тоа ќе значи и нова инвестиција во некој нов важен проект. Ќе ви донесе и нови можности за заработка.

ВОДОЛИЈА – Ве очекуваат лични промени. Ќе носите одлуки кои ќе ви го променат животот во годината што претстои. Пред вас е борба за лични цели.

РИБИ – На психолошки план Марс ќе ви донесе немир и конфронтација со личните стравови. Сепак, оваа поставеност на планетите ви дава можност да надминете нешто што ве оптоварува долго време.

Слични објави

(Видео) Данијела Мартиновиќ покажа дел од куќата што ја реновира заедно со своето момче Јосип

Еспресо

(Фото) Ѓерданот поскап од целиот стајлинг: Цеца на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во издание од 9.000 евра!

Еспресо

Еден детаљ ги изненади сите: Јелена Розга ја обнови врската со синот на Тончи Хуљиќ, а сега многумина се збунети од нивната одлука

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ купи паркинг место за бесната машина, но има еден услов за возење: „Мојот автомобил ќе спие во посебен кревет“

Еспресо

(Фото) Гудељ ја остави Анастасија без зборови: Сопругот ѝ го донесе најубавиот подарок од Србија

Еспресо

(Фото) Поглед од милион долари: Раста отпатува за Јамајка, друштво му прави девојката Марија

Еспресо
Се вчитува....