-4.2 C
Скопје
02:12 - 23 декември, 2024

Неделен хороскоп (27 јуни – 3 јули): Среќни моменти за Овните, Близнаците се број еден, Вагите опкружени со љубов…

Оваа недела планетата Венера во знакот Близнаци ќе им донесе сентиментални проблеми на Стрелцite, а не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: среќен момент!
Продолжувате со многу среќен период за вас! Со Јупитер и Марс во вашиот знак имате сила и решителност да направите се што ќе посакате. Ќе има добри можности на работното место, но и големи задоволства. Најсреќни денови во неделата ќе бидат понеделник, петок и сабота, кога ќе ја имате и Месечината во ваша корист. Можни се страсни средби во однос на чувствата.

Бик: рамно и смирено …
Во овој период може да почувствувате малку здодевна смиреност, особено во однос на чувствата… Би сакале да доживеете големи емоции, но партнерот не се покажува секогаш дораснат на вашите очекувања. Конкретно за време на викендот може да се појават конфликти, нагласени со Месечината во неповолна положба. Среќни денови, пак, се вторник, среда и четврток, во кои би можеле да добиете добри вести на работа.

Близнаци: број еден!
Драги Близнаци, Рајот ви се насмевнува! Вие сте најсреќниот знак во неделата: можете да сметате на поддршката на Венера и Меркур, како и на наклонетоста на Марс и Јупитер. Ќе има добри вести на работното место, особено можни во суперсреќниот ден понеделник. И на сентиментално поле треба да се подготвите за незаборавно лето: Венера во знакот ќе донесе голема љубов!

Рак: во потрага по релаксација …
Влегувањето на Сонцето во вашиот знак е подготвено да ви донесе многу нова енергија. И покрај ова, сепак, ќе мора да се справите со Марс во неповолна положба, поради што ќе го почувствувате целиот умор од последниот период… Обидете се да си дадете, доколку можете, моменти на релаксација само за себе. Фокусирајте се на деновите вторник, среда и четврток, кога Месечината ќе свети во вашиот знак и ќе ви донесе малку повеќе среќа.

Лав: миленик на ѕвездите!
Драги Лавови, планетите се на ваша страна: Марс, Венера, Јупитер и Меркур конечно ви се насмевнуваат и не само што ќе можете да ја вратите енергијата по прилично напорниот прв дел од годината, туку може да добиете и добри вести на неколку фронтови. Се фаворизираат и работното и сентименталното поле. Деновите петок, сабота и недела се особено романтични, со прекрасна Месечина во знакот.

Девица: моменти на напнатост 
Драги Девици, за жал оваа недела ќе мора да се справите со Венера и Меркур во неповолна положба. Овие две планети би можеле да ви постават уште некои пречки на патот, и на професионално и на сентиментално поле. Посебно внимавајте на понеделник, кога и Месечината ќе биде неповолна и ќе има моменти на напнатост дома и во канцеларија.

Вага: опкружена со љубов!
Драги Ваги, вие сте особено уморни и под стрес во овој период. Марс и Јупитер во опозиција ве прават да се чувствувате уморни и носат уште некои пречки на вашиот пат, особено на професионалниот. За среќа, можете да сметате на поддршката од планетите Меркур и Венера кои ќе ви дадат убави можности за средба. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ве сакаат и тоа ќе ви помогне да го надминете секој прблем на професионално поле.

Шкорпија: во опоравување 
За вашиот знак продолжува периодот на опоравување: во изминатите месеци бевте ставени на тест, но сега работите конечно се смируваат. Прекрасната Месечина ќе ви донесе среќа во вторник, среда и четврток, кога може да добиете добри вести. Малку напнатост, сепак, во петок, сабота и недела, кога би можеле да настанат дискусии со партнерот.

Стрелец: кавги и несогласувања
Драги Стрелци, не е лесно време за вашиот знак, кој треба да се справи со двојната спротивставеност на Венера и Меркур, на која се додава – во понеделник – и онаа на Месечината. Затоа, дефинитивно ова е тежок почеток на неделата во која ќе има кавги и дискусии и дома и на работа. Подобро ќе биде за време на викендот, кога ќе имате убава Месечина на ваша страна и полесно ќе го најдете дијалогот.

Јарец: Сонцето и Месечината се против вас
Влегувањето на Сонцето во опозиција ве прави прилично немирни: вашето незадоволство ќе се влоши со спротивставувањето на Месечината во вторник, среда и четврток, кое ќе биде дефинитивно напнато. За жал, за да ги добиете резултатите, ќе треба да ја почекате есента, кога планетата Јупитер ќе престане да ве попречува. Но, вие сте оној кој работи напорно секогаш и сепак, бидете сигурни дека победите ќе дојдат!

Водолија: позитивна недела со нервозни денови
Драги Водолии, вашата недела ќе биде позитивна, со Марс, Венера и Меркур активни во ваша корист. Планетите ви ветуваат добри вести и на чувства и на професионално и на приватно поле. Првиот дел од неделата ќе биде посреќен од вториот… всушност, викендот ќе мора да се соочите со Месечина во опозиција, што може да има негативни реперкусии на вашето расположение и ќе ви донесе многу нервоза.

Риби: Месечината се грижи за вас!
Драги Риби, не е среќен период што се однесува до чувствата: Венера во неповолна положба, заедно со Меркур подеднакво неповолен, ризикуваат да ви донесат погрешни луѓе на патот… Внимавајте кому му ја давате вашата доверба, особено во љубовта, но и на професионален план. Најсреќни денови во неделата, со прекрасна Месечина на ваша страна, ќе бидат вторник, среда и четврток.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....