17.8 C
Скопје
15:06 - 4 мај, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (16-22 август): Страст за Лавовите, важни средби за Вагите, супер вести за Водолиите…

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот на Девица за да влезе во знакот на Вага, подготвена да ги фаворизира сите воздушни знаци и и многу повеќе од тоа… А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: Венера во опозиција 
Драги Овни, оваа недела, за жал, започнува со лоши вести: почнувајќи од понеделник, планетата Венера ќе дојде во опозиција со вашиот знак. Следниот период ќе биде доста комплициран кога станува збор за чувствата, па дури и најблиските парови може да имаат жестоки расправии или полемики. За среќа, убавата Месечина ќе се погрижи да се поттикне конструктивен дијалог во петок, сабота и недела.

Бик: Да живее Меркур!
Оваа недела планетата Меркур е подготвена да ве фаворизира и да ви даде интересни можности, особено на работен план. 2021 година не е година од најдобрите кога станува збор за пари за вашиот знак, но малку по малку градите иднина полна со задоволства. Искористете ги деновите  среда и четврток, кога ќе имате прекрасна среќна Месечина да ве поддржи.

Близнаци: добри вести на полето на чувствата!
Драги Близнаци, конечно оваа недела планетата Венера ќе се врати на ваша страна: ако во последниот период сте имале потешкотии да комуницирате со вашиот партнер или страста изгледала како да е заспана, сега ќе се врати посилна од кога било! Внимание, сепак, на работното поле: Марс и Меркур се во неповолна положба и ќе направат да се чувствувате прилично уморни и немотивирани. Во понеделник и вторник, со Месечината во опозиција, расположението ќе биде ви биде тмурно…

Рак: дискусии со партнерот
За жал оваа недела планетата Венера ќе престане да дејствува во ваша корист и ќе заземе дисонантна позиција за вашиот знак. Во следниот период ќе има мали (или големи) дискусии со партнерот, почнувајќи од среда и четврток, кога исто така ќе имате нервозна Месечина во опозиција, На работа, сепак, некои добри вести би можеле да пристигнат благодарение на позитивното влијанието на Меркур.

Лав: страста се враќа!
По периодот на сентиментална тишина во кој малку повеќе ви недостасуваа силни емоции, планетата Венера конечно се врати активна во тваша полза, подготвена да ви пружи одлични можности, чувства и авантури кои тешко се забораваат. Првиот дел од неделата ќе биде посреќен од вториот, благодарение на прекрасната Месечина подготвена да дејствува во ваша корист. Внимание, сепак, на неповолните денови петок, сабота и недела.

Девица: збогум, Венера!
Драги Девици, оваа недела планетата Венера ќе го напушти вашиот знак за да се пресели во Вага, но не грижете се: спокојството што успеавте да го достигнете во љубовниот живот ќе ве придружува долго време. Добри вести доаѓаат во врска со работата: Меркур, заедно со среќната Месечина, може да ви донесат убави изненадувања во среда и четврток.

Вага: добредојде, Венера!
Драги Ваги, доаѓаат одлични вести за вашиот знак! Оваа недела, почнувајќи од понеделник, планетата Венера ќе биде со вас: дефинитивно среќен период ќе започне во однос на љубовта и чувствата. За слободните – конечно би можела да пристигне можноста за важна средба… Внимавајте, сепак, на малку нервозна Месечина во среда и четврток.

Скорпија: Меркур се грижи за вас!
Драги Шкорпии, иако оваа година треба да се борите со негативната позиција на Сатурн и Јупитер, во овој период ќе имате големи задоволства и интересни можности кои наскоро ќе вродат плод. Заслугата е на Меркур, кој ве поддржува и ви дава – заедно со Марс – интелектуална и физичка способност и будност. Пазете се од нервозната Месечина во петок, сабота и недела.

Стрелец: спокојстви се враќа во љубовта!
Драги Стрелци, конечно оваа недела планетата Венера се враќа да ви се насмевне! Сентименталните проблеми од последниот период ќе станат далечно минато и, од ден на ден, ќе можете повторно да пронајдете насмевки и разбирање со вашиот партнер (или можеби со некој нов)! Меѓутоа, на работниот план, Меркур во неповолна положба создава блокади или одложувања. Искористете ги среќните денови на Месечината –  понеделник и вторник.

Јарец: тензии со партнерот 
Оваа недела за жал планетата Венера ќе направи неповолен транзит за вашиот знак: во следниот период ќе има дискусии со вашиот партнер и ситуацијата дома (или во врската) би можела да биде доста напната. За среќа, работното место ќе ви даде големо задоволство: планетата Меркур е подготвена да ви даде можности од кои ќе полетате! Среќни денови, со Месечината во знакот: среда и четврток.

Водолија: добра вест!
Следуваат добри вести за вашиот знак оваа недела: конечно, почнувајќи од понеделник, планетата Венера ќе се врати да дејствува во ваша корист! По летото што не беше лесно во однос на чувствата, сега конечно можете да најдете сила да продолжите и да ѝ се вратите на љубовта посилно од порано! Супер среќен викенд со прекрасна Месечинаод петок до недела.

Риби: Венера повеќе не е во опозиција!
Драги Риби, оваа недела ве очекуваат одлични вести, конечно! Веќе почнувајќи од понеделник, планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак. Не беше лесно време за љубов, но сега конечно можете да најдете ведрина во љубовниот живот. За жал, и планетата Марс и планетата Меркур остануваат во опозиција, што ви носат малку повеќе грижи на работа.

Слични објави

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо
Се вчитува....