7.8 C
Скопје
12:37 - 22 декември, 2024

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2022: Каков „Свети Валентин“ ќе имаат хороскопските знаци

Можеби светот не е баш онаму каде што мислевме дека ќе биде ова време минатата година, но тоа не значи дека Денот на вљубените нема да биде пријатен.

Всушност, астрологот Кларис Монахан вели дека Денот на вљубените оваа година ќе биде многу поубав од минатата година. Без разлика дали сте сингл или во врска, вашиот љубовен хороскоп за Денот на вљубените во 2022 година има сè што можете да очекувате оваа година!

Во 2021 година имавме неколку планети во Водолија, која е позната по тоа што е независна, студена и емотивно одвоена. Но, годинава ако барате романса за свети Валентин, имате голема шанса да ја најдете.  „Оваа година ни носи Ден на вљубените полн со сензуални задоволства и уживања“, вели Монахан. „Дури го имаме и Марс кој ја бакнува Венера на небото – прекрасна спојка„. Дополнително, Месечината ќе биде во впечатливиот и забавен Лав.

Накратко, оваа година ќе биде полна со романса и секси забави. Ако се прашувате што ве очекува, еве го вашиот љубовен хороскоп за Денот на вљубените во 2022 година.

Овен (21 март – 19 април)

Овој Ден на вљубените е создаден за излегување и дружење. Ќе имате многу енергија, па ќе сакате да го изнесете вашиот партнер/ка на видно место за сите да ве видат. Ќе се чувствувате целосно возбудени и подготвени да одите до крај. Ако сте слободни, сите погледи ќе бидат вперени во вас зашто токму тој ден ќе изгледате дополнително привлечни за другите околу вас.

Бик (20 април – 20 мај)

Оваа година, Денот на вљубените ќе го прославите со вашето сакано лице на  место каде што се чувствувате најудобно. Месечината ќе биде во вашата куќа на домот, значи дека ќе сакате посензуална вечер – и тоа дома. Пригответе некој егзотичен рецепт што не сте го зготвиле досега во комбинација со овошно луксузно вино.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Извадете го омиленото парче долна облека. Ќе ви треба, на овој Ден на вљубените, бидејќи ќе имате група од планети кои ќе ја активираат вашата куќа на сексот. Тоа ќе биде како целосно сензуален Ден на вљубените. Прескокнете ја вечерата или организирајте ја во кревет. Со Марс на ваша страна, вашиот сексуален нагон (и привлечност) ќе биде на највисоко ниво. И ќе имате моќ да ја „издржите’ цела ноќ.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Раковите оваа година ќе уживаат во екстра-романтичен Ден на вљубените. Ќе имате голем број планети во вашата партнерска зона, така што не е исклучено дека денот може да го прославите и со повеќе од еден партнер. Ова ќе биде и последниот ден кога Меркур е во зоната на вашата врска, па затоа треба да ја искористите предноста со тоа што ќе му ги пренесете на партнерот вашите внатрешни желби и потреби.

Лав (23 јули – 22 август)

Среќници! Ќе ја имате Месечината во вашиот знак цел ден и ноќ. Таа ќе ве стави во центарот на вниманието што е токму она што го сакате. Затоа, бидете подготвени да уживате во вниманието што сигурно ќе го добиете. Ако сте сингл, не е исклучена можноста во ист ден да се запознаете со интересна личност со која ќе го прославите празникот на љубовта.

Девица (23 август – 22 септември)

Од сите знаци во зодијакот, Девицата најверојатно ќе има ден исполнет со најмногу романтика. Широкоградиот Јупитер, планетата на подароците и богатствата, ќе престојува во вашата куќа на врски/партнерства. Затоа, немојте да се изненадите ако добиете неколку понуди околу Денот на вљубените. Сите ќе сакаат да бидат околу вас.

Вага (23 септември – 22 октомври)

За вистински романтичар како што сте вие, Денот на вљубените е празник на кој се радувате секоја година. За среќа, 14 февруари ќе биде неверојатен ден за вас. Вашата владејачка планета, Венера, е во конјукција со Марс тој ден и ќе ви донесе страсна љубов. Со оглед на тоа што и енергијата ќе ви биде на завидно ниво, веројатно денот ќе го поминете во танц, а ноќта – во танц во кревет.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)

Сексапилната, заводлива Шкорпија ќе има шанса да избира за Денот на вљубените, бидејќи неколку луѓе ќе се обидат да ви пратат порака да бидете нивниот Валентин/ка. Венера и Марс ќе се сретнат во вашата куќа на комуникации, па затоа е одлично време да бидете проактивни за она што го сакате. Ако сте сингл слободно испратете порака на оној/онаа што го „меркате“ подолго време, зашто големи се шансите да бидете пријатно изненадени.

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

Месечината во огнениот Лав ќе ја истакне Куќата на авантурите и странските места, што значи дека Денот на вљубените ќе биде многу возбудлив но и со можност да биде прославен надвор од земјата. Тоа ќе биде ден кога ќе се чувствувате целосно усогласени со вашето повисоко јас. Можеби ќе ве исполнат средбите со луѓе од различни земји, од кои не се исклучени авантуристички љубовни понуди.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

За прв пат по долго време, ќе се најдете во очекување на Денот на вљубените. Одеднаш ќе станете отворени и желни за споделување, па дури и за романтика, вие кои обично сте резервирани. Марс пак ќе направи да бидете преземливи па дури и подготвени да ризикувате, затоа – слободно и само напред, земете го тоа што го сакате! И ќе добиете огнен Ден на вљубените.

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

Месечината во огнениот Лав ќе го активира партнерскиот сектор на вашата натална карта, што значи само добри работи за вашиот љубовен живот на Денот на вљубените. Не е тајна дека сте наклонети да бидете малку резервирани кога станува збор за „работите“ на срцето. Но, со огнот на Лавот и емотивната Месечина во Куќата на вашите врски/партнерства,  може да очекувате некои повеќе традиционални вибрации кои ќе ги надвладеат вашите неконвенционални склоности.

Риби (19 февруари – 20 март)

Ова ќе биде 14 февруари на кој ќе се сеќавате. Јупитер толку многу ќе биде дарежлив за вас овој ден што каде и да се завртите ќе добивате само прегратки и бакнежи. Уживајте во тоа, бидејќи нема да има ни сличен Свети Валентин со ваква астролошка позиција во следните 12 години! Јупитер сака да се проширите „надвор од тесните граници на љубовта“, така што вашето срце ќе биде дополнително отворено за сите можности овој ден.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....