08:31 - 7 ноември, 2026

Љубов во изобилство: Три хороскопски знаци ќе бидат кралеви и кралици на срцата следната недела

Астролозите именуваа три хороскопски знаци на кои нималку нема да им недостига љубов во текот на следната недела, во периодот од 17 до 23 април.

Ќе добијат љубовни понуди, ќе започнат нови романски, а оние кои се во врска ќе ја издигнат врската на ново ниво.

Кои ќе бидат кралеви и кралици на срцата следната недела, прочитајте подолу.

Близнаци

Планетата Венера (планета на љубовта) влезе и сега престојува во знакот на Близнаци. Ова е навистина среќен период за вашиот знак во однос на чувствата: планетата Венера е подготвена да го забрза вашето срце и да ви приреди фантастични љубовни авантури! Особено среќни на љубовен план ќе бидат сабота и недела, кога и Месечината ќе биде во убава позиција со вашиот знак, па затоа ќе добиете многу романтични предлози. Подгответе се за многу љубов!

Лав

И претставниците на знакот Лав ќе бидат ѕвезди на романтичните денови. Нови познанства, но и стари љубови ќе испливаат на површината, сосема неочекувано. Цела недела планетата Венера во поволна положба ќе ви подарува прекрасни емоции. Ако сè не оди како што сте планирале на работа, љубовта ќе ви се оддолжи за се! Уживајте во неа и препуштете му на срцето да донесува големи одлуки.

Водолија

Ова ќе биде за вас дефинитивно среќна недела на сентиментален план: Венера е подготвена да ви подари многу убави емоции и да го заштити вашиот љубовен живот! Особено среќни се деновите  вторник и среда кога може да добиете вест или телефонски повик што толку долго го очекувавте. Ако имате во план некоја личност која ви се допаѓа подолго време – еве шанса да ја поканите на разговор. Искреното срце ќе ви отвори големи хоризонти.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....