-4.2 C
Скопје
04:06 - 19 февруари, 2026

Кој период од годината е најдобар за свадба според хороскопскиот знак?

Огнени знаци

На огнените знаци им е потребна моќна, огнена енергија за време на венчавката, така што летото е најдобриот период за свадба.

На Овните најмногу им одговара почетокот на летото, односно јуни. Свадба за време на најдолгиот ден во годината би одговарала најмногу за овој динамичен хороскопски знак.

Лавот има среќа затоа што може да ги комбинира летото и владеењето на Лавот и да избере датум за венчавка во периодот од крајот на јули до крајот на август.

Ако зимскиот термин за време на нивното владеење не им одговара, Стрелците можат да го изберат кој било летен месец за својата свадба.

Воздушни знаци

Воздушните знаци имаат најмногу простор да размислуваат за датум, со оглед на тоа што, според мислењето на астролозите, тие можат да го изберат кој било период од годината.

Вагите по природа се многу софистицирани и елегантни, а раната есен се смета за еден од најдобрите периоди за поелегантни свадби.

За Водолијата нема правила во ништо, па така и при изборот на датум за венчавка. Тие се непредвидливи и спонтани, а универзумот знае дека е подобро да ги остави да прават по свое.

Земјени знаци

Пролетта и есента се идеални за земјените знаци, особено ако сакаат да бидат поврзани со природата и да прават свадба на отворено, што совршено би одговарала на нивниот карактер.

Биковите може да ја изберат пролетта, односно датум што е блиску до нивниот месец на раѓање. Есента им се препорачува на Јарците и на Девиците, особено доцната есен на Јарците.

Водени знаци

Според астролозите, Скорпиите се создадени за свадба во зима. Како совршена опција за овој хороскопски знак се наведува мала приватна зимска свадба во самрак, покрај некое езеро.

Зимскиот период е идеален за Рибите, а на Раковите најмногу им одговара летна свадба.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....