3.8 C
Скопје
23:07 - 20 декември, 2024

КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ И ПАРОВИ МОЖАТ ДА РАСКИНАТ НАПРОЛЕТ: Ако сте меѓу нив, еве како да си ја сочувате врската!

Кои хороскопски парови се на најголем ризик да ја прекинат врската во текот на пролетта 2022.  Прочитајте ги предвидувањата од ѕвездите.

Јарец и Вага

Јарецот е прилично амбициозен знак, многу фокусиран на работата и кариерата, а до крајот пролетта го чекаат големи изненадувања од професионална гледна точка. Ако е во врска со личност родена во знакот на Вага, секако дека Вагата ќе се чувствува многу осамено и ќе биде лишена од вниманието што го сака од нејзиниот партнер. Јарецот пак, ќе внесе безброј промени во животот на Вагата со кои таа ќе мора да се соочува. Доколку Вагата не најде сила да го поддржи партнерот Јарец во критичниот период за неа, до почетокот на летото., лесно може да се случи Јарецот да ја напушти Вагата. Но, не е исклучено дека и Вагата, уморна и разочарана од врската, да влета во авантура, која Јарецот никогаш нема да ѝ ја прости.

Овен и Девица

Многу критична и кревка е врската на Овенот и Девицата до крајот на пролетта. Годината им почнала во знакот на кавгите, а од втората половина, дискусиите се „на нож“.  Меѓу нив е и голема доза на напнатост, која, во добрите денови, ќе се ослободи преку сексуалната енергија , додека – во лоши времиња – може да доведе до многу насилни расправии и дискусии. Девицата брзо може да се умори од импулсивноста на Овенот. Овенот пак, од своја страна, може да му стане неподнослив перфекционизмот на Девицата. Овие парови до почетокот на летото треба да бидат премногу внимателни, освен ако не се сигурни дека врската не ја бива!

Шкорпија и Водолија

Уште со првите кокичиња, може да стават крај на врската. Ако Водолијата е во неволја, Шкорпијата ќе почне да се „сопнува“ од проблемите на Водолијата и лесно може да крене раце од неа и да си продолжи сама. Од друга страна пак, љубоморната Шкорпија може да почне да се сомнева во Водолијата и да почне да и „дише во вратот“, што за Водолијата која сака слобода и независност ќе претставува тешко оптоварување. Во секој случај, овој пар има многу климава релација дури до крајот на годината, па која врска преживее – ќе има за што да раскажува!

Лав и Рак

Лавот, на моменти, е премногу фокусиран на себе, додека на Ракот му треба постојано внимание. Ова ќе биде главната причина што со почетокот на пролетта може да дојде до распаѓање на многу парови Рак-Лав, ако не се внимателни да ги почитуваат и да ги задоволуваат потребите на партнерот. Лавот ќе има некои работни и финансиски тешкотии , а тоа ќе го натера да биде уште повеќе посветен кон сопствените интереси и грижи од оние на неговиот партнер, кој ќе се почувствува отфрлен и не е доволно важен за него. Ризикот од раскинување на врската е зад секој агол.

Бик и Близнаци

Оваа пролет за Бикот ќе биде особено тешка, а Бикот, веќе знаеме, кога се соочува со проблеми создава нервози во домот и кај блиските. На  Близнаците ќе им биде многу тешко да држат чекор со него, со желба да се забавуваат и да пробаат нови нешта. Па така, бегајќи од проблемите на Бикот, кој ќе им претставуваат оптоварување, Близнаците ќе почнат да гледаат наоколу уште со првото разубавување на времето…И, воопшто нема да им падне тешко со првата нова шанса да ја прекинат старата врска. Само доколку станува збор за вистинска и длабока љубов, оваа врска може да преживее.

Риби и Стрелец

Рибите и Стрелецот имаат најголема шанса да ја прекинат врската до крајот на пролетта. Стрелецот ќе чувствува силна желба за слобода и жед за авантура, а тоа ќе заврши со заплашување на кутрите Риби, дефинитивно многу повеќе посесивни и мелодраматични во сентименталните работи. Ако Рибите поради страв од загуба премногу почнат да покажуваат посесивност, сигурно е дека Стрелецот ќе стави точка на оваа приказна. Од друга страна пак, ако Стрелец премногу почне да „шета“ наоколу, Рибите ќе избегаат во побезбедни мориња.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....