7.8 C
Скопје
10:44 - 22 ноември, 2024

КАКО ВЕ ДОЖИВУВААТ ДРУГИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Раковите се лесни за манипулација, Близнаците како нестабилни…

луѓе

Секој од 12-те хороскопски знаци има уникатни карактеристики. Некои се добри, некои лоши. Еве зошто на луѓето понекогаш им е тешко да ве разберат, пишува „Атма“.

Овен

Луѓето често имаат впечаток дека не се грижите за другите затоа што сте фокусирани на сопствените желби. Вие се залагате за она во што верувате и не дозволувате другите да ви застанат на патот до остварување на вашата цел. Сакате авантури, ви треба возбуда и мислите дека животот е премногу краток за да ги одложувате работите што ги сакате поради другите луѓе. Емотивни сте, но не дозволувате тоа да ви ги менува плановите.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (08 -14 НОЕМВРИ): Нè очекуваат промени во љубовта и кариерата

Бик

Оставате впечаток на воздржана личност, но вистината е дека едноставно сте многу пребирливи кога станува збор за луѓето кои дозволувате да ви се приближат. Луѓето за кои се грижите ги опсипувате со љубов и внимание, но исто така сте внимателни затоа што на крајот не сакате да бидете повредени. Пред да дозволите некој да стане дел од вашиот живот, сакате да бидете сигурни дека таа личност ќе ви возврати на ист начин.

Близнаци

Луѓето често ве доживуваат како нестабилна личност затоа што сте толку страсни за многу различни работи. Се префрлате од едно на друго хоби за миг, но тоа го правите затоа што знаете дека има толку многу што би сакале да научите. Не можете да замислите да се држите до нешто засекогаш, и затоа сте постојано во движење, бидејќи се развивате движејќи се. Тоа не значи дека не го цените она што го имате, тоа само значи дека се радувате на она што допрва доаѓа.

НОВИ ХОРИЗОНТИ: Овие три знаци ќе излезат од лоша врска и ќе можат повторно да дишат

Рак

Оставате впечаток на личност со која лесно може да се манипулира, која лесно потпаѓа под влијание на другите, но тоа е затоа што сте исклучително грижливи и љубезни кон другите. Сепак, вие сте доволно паметни за да знаете кога е време да се свртите и да заминете. Во врската, вие ќе бидете партнерот кој вложува сè, кој го дава најдоброто од себе, но вие ќе бидете и првиот што ќе замине, ако дојде време за разделба. Понекогаш, другите може да бидат изненадени од вашата одлука едноставно да продолжите понатаму.

Лав

Вие сте многу самоуверени, толку многу што луѓето обично мислат дека вам никогаш не ви е потребна поддршка. Иако ја сакате својата независност и сакате да ги правите работите на свој начин, тоа не значи дека не сакате да добиете признание за вложениот труд. Без разлика на вашата независна природа, копнеете по врска, по добри односи со луѓето и би сакале да добиете комплимент или охрабрувачки збор во моментите кога сте заробени во несигурност и преиспитување.

ПЛАНЕТАРНИ БЛАГОСЛОВИ: Овие три хороскопски знаци ги очекува голем успех

Девица

Луѓето обично ве доживуваат како личност опседната со работа, како целосен „воркохолик“, но она што често не го гледаат е дека работата е всушност ваша голема страст. Додека другите се жалат на ситуацијата на работа и се борат да воспостават некаква рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, вие уживате во кариерата затоа што работата ве исполнува. Ретки се луѓето кои имаат таков однос кон работата. А професионалниот напредок ви дава големо задоволство.

Вага

Секогаш сте најљубезната личност во групата, до тој степен што луѓето постојано нешто бараат од вас. Среќни сте кога имате многу пријатели и сте подготвени во секое време да направите се што е во ваша моќ за да му помогнете некому. Ова го правите дури и на сметка на вашите потреби. Понекогаш, морате да се повлечете малку за да направите некои работи за себе.

КАКО ДА СЕ СМИРИТЕ СО СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Овните имаат краток фитиљ, а Скорпиите…

Скорпија

Другите ве доживуваат како „тврд орев“ затоа што оставате впечаток на личност која другите не можат толку лесно да ја повредат. Но, ве повредува секогаш кога другите ве оставаат на цедило или се однесуваат лошо со вас, вие едноставно избирате да не го покажете тоа. Не сакате другите да ве гледаат како слаби. Како и да се чувствувате, давате се од себе за да оставите впечаток на личност која „пука“ од самодоверба. И покрај тоа што сакате да им ја покажете на другите вашата емотивна страна, сепак не им верувате на луѓето доволно за навистина да го направите тоа.

Стрелец

Другите често лесно заклучуваат дека ве „хакнале“, но вие сте некој кој не сака да игра според правилата. Не сакате да ве етикетираат и имате силна потреба за истражување. Во моментот кога луѓето мислат дека се вклопувате во одредени стереотипи, сакате да ги разубедите и го правите тоа – правејќи нешто сосема спротивно од она што другите очекуваат од вас.

ЅВЕЗДИТЕ СЕ СМЕАТ: Овие три знаци ги очекува одлична недела!

Јарец

Вие самите се придржувате до многу високи стандарди и го очекувате истото од другите луѓе. Поради тоа, луѓето често мислат дека сте полни со предрасуди и дека сте многу строги. Го давате најдоброто од себе и го очекувате најдоброто од луѓето што ги пуштате во вашиот живот. Сепак, кога некој ќе ве разочара, вие сте подготвени да простите. Но, без оглед на тоа, се трудите да поминувате време со луѓе кои ја делат вашата страст.

Водолија

Оставате впечаток на ладна личност, бидејќи одлично ги контролирате вашите емоции. Но, тој впечаток не може да биде предалеку од вистината. Имате капацитет да љубите, искрено и длабоко, но не ја гледате смислата во јавното изразување на вашите чувства.

ШТО ГИ ОЧЕКУВА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: За некои голема финансиска среќа, за други…

Риби

Вашата тивка и смирена природа луѓето често ја толкуваат како слабост. Затоа им се случува да мислат дека можат да ве „згазат“ и дека вие ќе го трпите без зборови. Но, вие не сте личност која ќе трпи непочитување и лош однос од другите луѓе. Никогаш нема да викнете на некого, но следниот пат кога ќе се обиде да ве натера да го правите она што му одговара, едноставно нема да го сторите тоа. И ќе останете доследни на одлуката да не го правите тоа. Освен тоа, кога сте несигурни, претпочитате да ги чувате емоциите за себе.

Слични објави

(Фото) Нема да ја препознаете: Беше проблематична тинејџерска ѕвезда, а сега е дама со префинет стил!

Еспресо

(Фото) Кај Брена гостите до зори го славеле Свети Архангел! Снаата Александра Пријовиќ ги кренала гостите на нозе

Еспресо

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо
Се вчитува....