14.8 C
Скопје
09:27 - 29 март, 2024

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАРИЈА БУРГИЕВА: Од отпадните лушпи од портокали до сенцијални масла и ароматизери!

Кога младите ја преземаат иницијативата за да ја зашитиме животната средина тогаш се јавуваат квалитетни зелени идеи. Затоа Ве запознаваме со Марија Бургиева. Таа со тимот О-круг смислија начин како кората како отпад од цедениот портокал да го искористат за правење на есенцијални масла и ароматизери од отпадните лушпи. Токму со таа идеја победија на регионалниот натпревар за зелени бизниси „Balkan Green Ideas“.

фото – привтна архива

– Идејата за О-круг се роди едно неделно попладне, кога во парк седевме група на млади средношколци и гледавме како гајби полни со кори од исцедени портокали се фрлаат во контејнерите и ги преполнуваат. А јас доаѓајќи од семејство во кое се зборува за отпадот од храна, како загадува и начините на селектирање на истиот, почнав да размислувам повлекувајќи и други млади истомисленици, што може да се направи пред селекцијата на самиот отпад, што можеме да направиме пред тој био отпад да заврши за компостирање – вели Марија.

Марија, заедно со својот тим, Марко Василев, Матеа Боневска и Марија Арсенкова, се дел од Центарот за социјално претприемништво и одржливост „О-Круг“, носител на идејата за создавање есенцијални масла и ароматизери од лушпи од портокали и едни од победниците на натпреварот на Зелени идеи на АРНО. Како победници во категоријата ембрионски идеи од регионалниот натпревар за зелени бизниси „Balkan Green Ideas“, добија потврда дека нивната идеја има голем потенцијал.

– О-круг е регистрирано Здружение кое ќе се занимава со социјално претприемништво и одржливост, односно преку нашата организација, не само што сакаме да настапиме како бизнис кој што прави од отпад производ, туку и да подржуваме и други младински иницијативи што ќе се занимаваат со циркуларноста и одржливоста,но и социјално претприемништво во целост.

фото – привтна архива

Марија смета дека за нејзината бизнис идеја секогаш ќе има суровини.

– Уште од почетокот на самата идеја, разговаравме со голем број на кафулиња и мобилните штандови во парк, како и рестораните каде што се служи цедениот сок од портокал и тој отпад останува. Изразија желба да соработуваат со нас. ние на некој начин и ги освестивме за отпадот кој што го оставаат зад себе. И плус кога ќе видите група на млади луѓе кои сакаат да направат нешто добро за животната средина, верувајте сите сакаат да ги поддржат – ни открива Марија.

По доста истражување заклучив дека токму во кората на портокалот всушност се крие најголемото богатство – чисто есенцијално масло, кое е основа за повеќе од 100 различни производи.

– Откако ќе ги собереме лушпите од портокал ќе ги носиме на нашето обезбедено место односно локација каде што ќе имаме поставено опрема, дестилатор преку кој што корите ќе поминат низ тој процес на дестилација и ќе се произведе чистото есенцијално масло кое директно ќе го пакуваме и продаваме. А освежувачот/ароматизерот е хидролат кој ќе го правиме, ќе биде комбинација од есенцијалното масло и дестилирана вода и истиот ќе го продаваме како безбедна замена за хемиските и токсични освежувачи во шишиња под притисок – ни објаснува Марија.

Во иднина таа се гледа себеси како успешен зелен социјален претприемач и адвокат за зелените политики, а бизнисот го гледа како регионален добавувач на природно есенцијално масло од портокал и широк асортиман со производи за сите категории на луѓе, со голем број на вработени млади лица и позитивни промени на нивните животни приказни.

фото – привтна архива
фото – привтна архива
фото – привтна архива
фото – привтна архива

 

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....