4.8 C
Скопје
03:23 - 21 декември, 2024

Како ќе ја поминат новогодишната ноќ хороскопските знаци: Луда авантура за Скорпиите, вљубување за Рибите, враќање на бившиот за Близнаците…

Овен
Препуштете се на разгалување на 31 декември за да ја дочекате новата година со релаксирачка нота. Резервирајте спа ден со вашиот партнер/ка, или пријателка или пак во друштво на членови на семејството за да го ослободите стресот од 2023 година. На тој начин ќе бидете поприсутни на новогодишната ноќ и полесно ќе ги дефинирате вашите цели и надежи за 2024 година. Исто така, масажата, бањата, третманот со кал се одлични начини за чистење на вашата аура и енергија за да се осигурате дека ќе имате многу пријатна новогодишна вечер полна со задоволство и забава – дури и ако одлучите да имате тивка ноќ дома со вашите сакани.

Бик
Среќата е на ваша страна оваа новогодишна ноќ. Поволната планета Јупитер, која е усогласена со вашиот сончев знак, се врти во директено од на 30 декември, овозможувајќи ви да посегнете по ѕвездите. Вие ќе бидете срцето на забавата: сите ќе се држат до секој збор што ќе го изговорите и ќе внесете добра енергија на свеченоста. Можете дури и да сретнете некој посебен. Погрижете се да не претерувате во ништо, бидејќи Јупитер може следниот ден да ги „опамети“ луѓето кои претерале, а Месечината во Девица ќе ве натера да ги почувствувате последиците од вашите постапки на Нова Година.

Близнаци
Може да комуницирате со некои „духови од минатото“, односно бивши партнери, на новогодишната ноќ. За жал, ретроградниот Меркур и формирањето на Големиот крст врз вашето сонце ќе ве натераат да побегнете од предлозите за помрување и обновување на врската. Не дозволувајте ретроградниот Меркур да ги попречи вашите планови! Напротив, потпалете ја вашата самодоверба. Бидете љубезни со овие поранешни жарчиња со тоа што ќе им направите пријатен разговор, а потоа продолжете напред без да гледате наназад. Не треба да ја затемнувате светлината. Бидете зрели и пријатни кога ќе се сретнете со старата љубов и погрижете се драмата да не ескалира. Сега, можете да го оставите минатото зад себе во 2024 година.

Рак
Можете да го обвините Меркур кој е ретрограден што доцните на новогодишните прослави на кои присуствувате и што предизвика кинење на вашите чорапи токму кога влегувате на забавата (или друга фрустрирачка ситуација). Смејте се! Секако, многу работи не ви одат како што сакате, но погледнете дека сте опкружени со луѓето што најмногу ги сакате! Совет од ѕвездите: Не објавувајте никакви видеа и фотографии од новогодишната ноќ додека Меркур не стане директен на 1 јануари за да избегнете срам и жалење.

Лав
Романтиката е на дневен ред оваа новогодишна ноќ, што значи дека треба да ја побарате вашата љубов пред возбудливата ноќ, да планирате романтична вечер со вашиот партнер, или пак, ќе ја сретнете љубовта на самата новогодишна забава. Вие ќе пулсирате во знакот на љубовта и страста во текот на целата вечер, а сите околу вас ќе ви дозволат да доживеете незаборавен момент и да бидете во центарот на вниманието цела ноќ.

Девица
Со Месечината усогласена со вашиот сончев знак на новогодишната ноќ, ќе бидете совршена инспирација за другите, а за себе ќе имате мотивација да започнете со голема свежина во 2024 година. Време е да заблескате и да излезете од вашата комфорна зона. Сега не е време да бидете понизни, скромни или срамежливи. Излезете од вашиот елемент. Носете нијанса на кармин што ви овозможува да бидете во центарот на вниманието и облека која ги врти главите каде и да одите.

Вага
Месечината во Девица ве поттикнува да присуствувате на интимно дружење наместо на голем собир. Вечера со вашите најблиски пријатели ќе биде најдобриот избор, што ќе ви овозможи да се поврзете со нив на длабоко меѓучовечко ниво. Пред нив, ќе можете да ги споделите вашите соништа и визии за 2024 година, а тие ќе се понудат да ви помогнат во нивната реализација. Плус, ќе бидете во кревет во разумен час, што ќе ви овозможи да ја започнете новата година со свежина радост и благодат.

Шкорпија
Ако барате дружба во последен момент, посетете го вашиот Фејсбук профил за да направите планови за новогодишната ноќ. Иако на таков дочек може да се случи „импровизирана“ средба со некоја личност што не ја познавате добро, постои потенцијал понатаму да изградите врска. Бидете отворени за неочекуваното на Нова Година – може да започнете со прослава во Скопје, а да завршите во Охрид. Дозволете вечерта да ве однесе каде што сака. Времето за авантура е сега. Можностите се бескрајни, а наградите за ризиците што ги преземате ќе бидат високи (се додека тие се во рамките на здравиот разум).

Стрелец
Ретроградниот Меркур ве тера да се вртите во круг. Тоа ќе биде главниот виновник што ќе доцните на вечерата на која ќе присуствувате. Причината? Сте се обиделе со неколку модни избори, пред да го најдете вистинскиот. Вашите пријатели ќе ви доделат комплименти, но вие постојано ќе го критикувате изборот што сте го направиле, вашата коса или облека. Никој нема да го осудува вашиот изглед освен вие. Ѕвездите ве советуваат да не ситничарите и да не ве обзема негативно располоѓение туку – уживајте во позитивните вибрации и впијте ги. Опкружени сте со луѓе кои целосно ве обожаваат. Тие сакаат да ви биде удобно и да се чувствувате добро во своја кожа.

Јарец
Ќе имате пријатна новогодишна ноќ. Со Месечината во Девица што ја истакнува „куќата“ на патување, многу е можно да ја прославите Новата година во друга земја или град. Дури и ако останете блиску до домот, можеби ќе сакате да се исклучите од надворешниот свет и да се свиткате покрај каминот во друштво на семејството или со најдобриот пријател. Ова е вашето време да се опуштите и да се декомпресирате од работата, затоа трошете го паметно и не дозволувајте ничија драма или професионални стресови да го попречат уживањето во тивката атмосфера.

Водолија
Проверете ги плановите за новогодишна ноќ на вашите пријатели, зашто ретрограден Меркур може да ви направи целосна забуна – може да одите на едно место, а тие да прославуваат на соема друго место, па половина вечер да ја потрошите барајќи се. Но не грижете се, силата на ретроградниот Меркур ќе избледе пред 23 часот, па потоа ќе можете да се препуштите на луда забава. Внимавајте на алкохолот, но и на влетувањето во безврска врски за една ноќ.

Риби
Вашиот новогодишен бакнеж би можел толку да вреди што од него ќе се изгради сон, затоа искажете ги вашите романтични аспирации од срце кога стрелките на часовникот на полноќ ќе се спојат. Вашите желби најверојатно ќе се остварат во следните недели, па затоа треба да знаете што сакате од вашата врска кога ќе ги поставите вашите намери за 2024 година. Со малку среќа од космосот, веќе до 2ри јануари, ќе бидете на седмо небо. Добредојдовте во една нова година полна со романса. Вашата чаша ќе биде преполна со страст и романтичност.

Џекпот на самиот крај на годината: Два хороскопски знаци ќе добијат неочекувана добивка

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....