22.8 C
Скопје
12:44 - 30 септември, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша по 15 години ја откри вистината: Овој нејзин хит е посветен на турбулентниот однос со Душко Тошиќ

Instagram

Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша, една од најконтроверзните личности на естрадата, неодамна ѝ откри на јавноста дека нејзината балада „Тихи убица“ е посветена на нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ. Ова откритие предизвика голем интерес во јавноста, бидејќи нивниот однос со години е предмет на шпекулации и озборувања.

Карлеуша открила дека песната „Тихи убица“ е инспирирана од нејзиниот турбулентен однос со Душко Тошиќ. Таа истакнала дека токму нејзиниот живот послужил како инспирација за многу песни напишани од сега веќе покојната Марина Туцаковиќ, посочувајќи дека таа била творец на темата за многу стихови.

– За многу работи што ги напиша Марина Туцаковиќ, јас бев идеен творец на темата. Седевме и тогаш таа ме праша за мојот живот, што е ново, што не е. На пример, кога ја напиша „Тихи убица“, ѝ раскажував за мојот турбулентен однос со Душко. Душко всушност доби своја песна – „Тихи убица“, бидејќи јас зборував за него – открила Карлеуша во подкастот „Why so serious“ на WTF радио.

Да потсетиме, текстот на оваа автобиографска песна која се наоѓа на албумот „Револуција“ од 2008 година гласеше:

– Се будам сам, моите очи не бараат никого. И каков е тој отсјај во мојот поглед? На масата машкиот часовник како да ми вели дека изгледа дека некој уште живее тука покрај мене. И две-три капки крв по бричење, тажен мирис кој се шири низ собите. Од кога ми доаѓаат духови преку ден? Каде е тој маж што живее овде покрај мене? И се јавувам, се јавувам на 92 и нека бараат, нека го најдат. Нека кажат каде исчезна љубовта, нека ги пуштат сирените, нека се огласи алармот… – е дел од потресните стихови на песната на Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо
Се вчитува....