18:32 - 13 јули, 2026

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГИ ТРОШАТ ПАРИТЕ: Кој чува за „црни денови“, а кој троши до последен денар?

Како би реагирале доколку добиете премија на лото, ви тргне работата во вашиот приватен бизнис или ако чуете дека некоја далечна тетка ви оставила солидно наследство? Како воопшто се однесувате во ситуациите кога да речеме, шефот решава да ви даде бонус од стотина евра или баба ви ве почести некоја илјадарка за роденден? Веднаш ќе почнете да трошите или ќе тргнете поголем дел од парите за „црни денови“?

Прочитајте што вели астрологијата за вашиот хороскопски знак и неговата алчност или штедливост.

Огнените знаци овен, лав и стрелец сакаат максимално да го живеат моментот и бидејќи тие длабоко веруваат дека Господ повторно ќе ги награди еден ден, не ни помислуваат на опцијата штедење. Авантуристи во душа, стрелците и овните најверојатно со парите би испланирале некое егзотично патување или можеби ќе почнат да тренираат некој скап спорт. Лавот можеби ќе одлучи да организира забава или ќе си купи скапа дизајнерска облека, а можеби и автомобил каков што отсекогаш посакувал. Огнените знаци се дефинитивно најмалку скромните знаци во зодијакот, а лавовите особено треба да бидат внимателни со парите и да избегнуваат лоши инвестиции.

На земјените знаци бик, девица и јарец им е многу важна финансиската сигурност, поради што тие се доста внимателни со парите и нивните навики за трошење. Бикот и јарецот сакаат да имаат тргнато некој денар на страна за „црни денови“. Девицата би си купила нешто практично кое ќе и послужи во нејзиниот дом или канцеларија. Јарецот ќе се почести себеси со некој квалитетен подарок, со кој ќе ги импресионира неговите пријатели и колеги. Бикот најверојатно би се наградил себеси со некој убав обилен оброк или десерт.

Воздушните знаци близнаци, вага и водолија немаат баш некој осет за трошење пари, особено вагата и водолијата. Вагата несомнено ќе отиде на голем шопинг, а потоа ќе организира екстравагантна забава. Близнаците можеби би отишле со парите некаде на патување или сериозно ќе си го преуредат нивниот дом во центар за забава. Водолијата најверојатно би си купила најсовремен технолошки гаџет и би си уплатила летен одмор на најубавото место на светот.

Водните знаци рак, скорпија и риби се заштитнички настроени кон парите. Ракот наместо за себе, би купил подароци за членовите од неговото семејство и евентуално ќе организира забава за да ги почести најблиските пријатели. Остатокот од парите ќе го сочува за во иднина. Скорпијата нема да дозволи никој да разбере дека таа дошла до некои пари. Рибата ќе си го подигне моралот со нов автомобил или ќе го збогати гардероберот со неколку нови парчиња облека, но остатокот со сигурност ќе го тргне на страна и ќе го чува за некоја друга крупна цел.

Слични објави

Ава Карабатиќ бара донации од обожавателите за нови силикони и патување на Малдиви: „Микропластиката ми го труе телото“

Еспресо

„Ручече, кафенце, ракиичка“ – Лепа Брена и Сека Алексиќ се сретнаа на црногорското приморје

Т.Ц.

(Фото) Наташа Беквалац ги запали социјалните мрежи — во црн костим за капење покажа беспрекорна линија

Еспресо

(Фото) Тајзи се ожени, а свадбата се претвори во вистински спектакл – Слаткар, Пајак и 2Бона направија хаос

Еспресо

Јелена Карлеуша откри дали новата песна му е посветена на Душко Тошиќ: „Многу плачев додека ја снимав“

Еспресо

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

apostolova
Се вчитува....