3.8 C
Скопје
01:11 - 21 декември, 2024

ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ И ОСАМЕНОСТА: Кој паѓа во депресија, кој тагува кратко, кој „лета“ во друга прегратка…

Секој би сакал да биде сакан и емотивно исполнет, но тоа не е секогаш така. Еве што вели хороскопот за тоа како вашиот знак се справува со осаменоста.

Овен
Како изразито независен знак, Овенот нема потреба да се скрасува покрај една личност. Тој не сака ограничувања, затоа што е роден лидер, сака да ги влече сите конци сам. Кога е сам, живее живот според неговите правила, бидејќи прави апсолутно се што сака и одлично е што не мора да одговара пред никого.

Бик
Независен и самодоволен, Бикот има силна волја и сака да стори сé како што замислувал, па неописливо му оди на нерви кога другите го вознемируваат. Кога е долго сам па потоа влегува во врска, тој знае да биде многу исплашен, зашто а тешко му е кога ќе се смени воспоставената состојба и навика на работите. Исто како што е под стрес кога влегува во врска, тој е исто така многу вознемирен кога станува збор за раскинување на врската.

Близнаци
Тие се многу енергичен и импулсивен знак со немирен дух. Близнаците се силни и многу независни, не можат да издржат да бидат врзани. Врската може да им здосади многу брзо иако е најсовршена. Повеќе сакат случајни средби и комбинации, секс за една или неколку ноќи, отколку за сериозна и посветена врска.

Рак
Многу комплициран спој на личност. Од една страна, тој е независен, па затоа не му претставува проблем да биде сам. Од друга страна, тој има голема потреба некој да се грижи за него, да го поддржува и да има со кого да ги споделува своите проблеми. Може да помине извесно време „соло“, но тоа во никој случај не е трајно решение за него.

Лав
Иако е горд што е независен, таа независност го „боцка“ од 2 причини. Прво, бидејќи е многу горд и суетен, му треба некој да го врзе за себе. Второ, ужива во пофалби и восхит, па затоа му треба некој што постојано ќе му кажува дека е најдобар и најубав и дека никој не е како него. Затоа тој ретко е сам подолго време.

Девица
Интересна, но и многу комплексна личност. Кога ќе остане сама, анализира до детал кои се сите практични предности на нејзиниот самотнички живот. Кога ќе реши да го смени својот емотивен статус, Девицата повторно детално си објаснува во главата што може да тргне наопаку во новата врска. Многу и е тешко да го најде својот вистински партнер.

Вага
За неа, осаменоста е само фаза. Таа е независен мислител, но ги обожава луѓето затоа што секогаш ќе претпочита да има некој покрај себе отколку да биде целосно сама. Вагите можат да напредуваат само ако некој постојано им се восхитува, па затоа ќе се за вљубат во секој што ќе го исполни овој услов.

Шкорпија
Колку и да е амбициозна, таа постојано се сомнева во се и сешто. Претпочита да биде сама затоа што е премногу зафатена со својот живот за да може да се справи животот на друга личност. Потребно е многу за некој да ја добие нејзината доверба, но кога еднаш ќе ја добие – таа е многу лојална. Сепак, Шкорпијата е повеќе за случајно излегување и дружење отколку за вистинска врска бидејќи во суштина е самотник кој ужива да живее како што тој си сака.

Стрелец
Тој многу ги сака луѓето, но мрази да биде посветен на секого. Посакува слобода и авантура, па ако неговата друга половина не може да си ги дозволи тие две работи, тој повеќе би сакал да избере осаменост отколку да се задуши во врската. Сосема е во ред да остане без партнер, бидејќи во самотичкиот живот се снаоѓа како риба во вода.

Јарец
Тој е недоверлив и во исто време е многу претпазлив. Бидејќи е свесен за своите способности, не му треба восхит или пофалби од партнерот. Добро знае кој е тој и што може да направи сам, затоа Јарецот совршено се справува со својата осаменост.

Водолија
За неа може да се каже дека има фобија од приврзаност. Таа е позната по тоа што не се предава на никого до крај и по тоа што неизмерно ја држи дистанцата од саканата личност. За неа, слободата и независноста се главните приоритети во нејзиниот живот, па затоа многу успешно знае да живее и ужива во осамениот живот.

Риби
Ова е дефинитивно знак што треба да живее во пар. Кога не се во врска, Рибите размислуваат за емоционалното здравје. Бидејќи се пречувствителни и многу се сожалуваат, постојано бараат партнер кој ќе знае да ги утеши и мотивира бидејќи не веруваат во себе. Да можеа, ќе се омажеа по својот 5-ти роденден и ќе останеа со таа личност до нејзината смрт. Секако, дури и тогаш, Рибите повеќе би сакала да умрат први само за да не биде сами.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....