-1.2 C
Скопје
18:58 - 22 декември, 2024

Хороскопот и еросот: Откријте ги скриените фантазии на хороскопските знаци, Близнаците трагаат по двојно задоволство, Раковите сакаат триаголни ситуации, Шкорпијата ќе ви донесе сцени од 1001 ноќ…

Не сите хороскопски знаци имаат ист однос кон другиот пол: родените во некои знаци се осмелуваат да експериментираат, други се наклонети кон тријаголници или скриени врски со лица од истиот пол, трети се повеќе традиционални и избегнуваат експериментирања. А вие? На кој хороскопски знак припаѓате?

Еве еден краток водич кој ги открива најжешките еротски тенденции на дванаесетте зодијачки знаци.

Овен, страст од Марс

Овенот, под раководство на Марс, кој е симбол на машката сексуалност, е задолжен за исклучителната страст на Овновите. Жените од овој астролошки знак понекогаш изгледаат малку „машкасто“, а може да бидат привлечени и од некоја од нивните пријателки, па не е чудно да се впуштат во сексуални експерименти барем во младоста за да го откријат новото искуство. Мажите од знакот на Овен се наелектризирани со силна хормонална енергија: им се допаѓа задоволството, заведуваат, се грижат за нивниот изглед за да ги импресионираат сите околу нив, и мажите и жените. Истражувањето на градината на соседот е големо искуство. Врв на љубовна хемија можат да најдат со Вагите.

Бик, меѓу страст и традиција

Овој знак е меѓу најтрадиционалистите во Зодијакот. Тешко дека би можеле да се ослободат од традицијата и уверувањата за да се впуштат во бисексуални искуства. Но, никогаш не велите никогаш: рековме тешко, ама не и невозможно. Бикот, всушност, е управуван од планетата Венера, ѕвезда на убавината и на животните задоволства. Родените под овој знак  уживаат во убавината која ја бараат во се и во секого –  мал детаљ е доволен за да се разбуди во нив исклучителна страст на која сосема ќе и се препуштат. Жените Бик ги привлекуваат робусни мажи; додека мажите од овој знак преферираат поскормен тип на жена, со домаќинкински изглед, но сепак „жешка“ во постела. Совршен еротски спој прават со Шкорпијата.

Близнаци, потрага по двојно задоволство

Близнаците, како што знаеме, се двоен знак: во нивниот интимен живот живеат два идентитета, два поларитета, машки и женски. Неретко наоѓаме меѓу примероците од знакот машки со женски карактеристики или жени со малку машки изглед. Тие сакаат да експериментираат, играјќи се на сопствената тема но и на темата на другиот, односно двојно: Меркур, планетата која владее со знакот, ги прави љубопитни и динамични. Жените родени во овој знак ги привлекуваат мажи кои имаат хумор, додека мажите Близнаци „се палат“ на витки девојки. Нивната тајна лозинка е – експериментирање. Со кого? Забавата е најдобра со Водолиите.

Рак, тајната моќ на Месечината

Со овој хороскопски знак доминира Месечината: во себе ги чува сите моќни енергии на прамајката. Фасцинирани од женскиот, нежен аспект на нештата, Раковите бараат мажи и жени со моќ на заштитници, го бараат шармот на сласта, моќта на нежноста. Жените од овој знак сакаат да ја откријат својата женственост дури и во „триаголни“ ситуации; мажите пак, од друга страна, се привлечени од жени со малку машки изглед или пак, од силни мажи но кои имаат женски карактеристики. За Раковите е карактеристично што не признаваат компромис во емоциите –  или се предаваат целосно или сосема се повлекуваат. Најкреативните сексуални авантури можат да ги имаат со Шкорпиите кои се способни да ги одведат во непознати територии.

Лав, татнежот на кралот

Егоцентричен, страстен и малку индолентен, Лавот сака да го почувствува центарот на вниманието. Врската без одличен секс, не ја сметаат за стабилна врска. Жените родени во овој знак се секогаш во присуство на придружник. Нив ги привлекува партнер со густа коса и очи на мачки; додека мажите Лавови, од друга страна, се поттикнати од партнерки со атлетско и спортски тело, со добро дефинирана мускулатура. Страста се бара насекаде: тие ќе направат се за да доживеат силни емоции. Физичкиот изглед на партнерот е многу важен за нив. Добитната комбинација им е со Стрелецот.

Девица, очигледен ред

Срамежливи и тивки, оние кое се родени под овој хороскопски знак на прв поглед изгледаат дека се конзервативни и традиционалистички расположени. Во реалноста, тие се под влијание на планетата Меркур, која го претставува дијалогот и живописноста на откривањето. Ако жената Девица се сретне со елегантна жена, со сензуален изглед и софистицирани манири, лесно може да ја изгуби контролата врз себе и целосно да се откаже од страсните „задолженија“ кон нејзиниот машки партнер. Инаку, жените од овој знак ги привлекуваат мажи кои се сосема спортивни на нив, доминантни и жестоки во дискусиите, како на пример Лавовите. Мажите пак од овој знак, бараат рафинирани и самоуверени придружници и придружнички. Лавот иделано ќе одговори на нивните сексуални нарачки.

Вага, кој ќе се осмели-ќе проба

Родените во знакот на Вага се под влијание на планетата Венера, планета на заведувањето и убавината, па оттука ги сакаат интригантните ситуации и опасностите. Жените од овој знак често се осмелуваат да доживеат нови искуства. Нив ги привлекуваат елегантни мажи и рафинирани пријатели, кои се грижат за облеката, парфемот, обрнувајќи внимание на секој детаљ. Мажите Ваги пак, сакаат експериментирање, мешање, вложување на емоции: лесно можат да бидат заведени од оние кои имаат малку снобски став. Вагите многу внимаваат на атмосферата, третирајќи ја во детали. Во креветот би сакале да си поиграат и со други соучесници, освен со својот партнер. Најстраствени се со Водолијата и Стрелецот кои им ја поттикнуваат креативноста.

Шкорпија, атмосфера на 1001 ноќ

Родените во знакот на Шкорпија, се најстрасни претставници од Зодијакот, а интересно е што често се фасцинирани од луѓе од својот пол. Плутон, нивната водечка планета, е поврзана со несвесното: родените меѓу октомври и ноември се препуштаат на еротските чувства до најдлабоките пориви, без да се обидат да ги контролираат. Мажите од овој знак ги привлекуваат жени со мистериозен шарм и недофатлив поглед, секако и со скулптурна телесна фигура; жените пак, имаат слабост кон мускулести мажи но кои се грижат за долната облека до детали. Пламенот на страста најсилно гори во креветот со Лавот и Бикот.

Стрелец, игрите се најважни

Доминирани од експанзивната енергија на Јупитер, родените во овој знак многу сакаат еротски експериментирања. За Стрелците не може да се каже дека се срамежливи, туку вистински истражувачи на непознатото. Оттука, знаат да бидат привлечени и од лица од својот пол. Жените Стрелци, кои личат на авантуристички Амазонки, се привлечени од витки мажи со спортска градба; додека мажите сакаат динамични жени. Игрите под чаршавите најексплозивни се со Ракот и Рибите.

Јарец, малку посрамежливо

Тешко е да сретнете Јарец кој е отворен за експериментирање. Всушност, овој знак е предводен од најконзервативната планета: Сатурн. Другата страна на паричката сепак, обезбедува дека некои претставници на овој знак сакаат да се соочат со ново искуство. Мажите се привлечени од жени кои обожуваат спорт и кои се снаодливи; жените, кои се очигледно студени, можат да се разберат со динамични и авантуристички придружници. Најсреќната комбинација во постела ја имаат со  Шкорпијата, но и со креативните Водолии би можеле да се чувствуваат одлично.

Водолија, истражувачки талент

Владеењето на Уран со овој знак, од претставниците на Водолијата прави вистински сексуални истражувачи, како да се родени со овој талент. Водолиите се целосно отворени: сакаат експериментирање, бидејќи откритието ги прави да се чувствуваат живи. Затоа често ќе ги најдете во клубови кадешто се добредојдени секакви еротски експерименти, вклучувајќи ги и оние од истиот пол. Жените од овој знак ги привлекуваат авантуристички Амазони или жени кои се мажествени, а кога се мажите во прашање ќе бидат привлечени од нежен маж, па дури и од маж со женски карактеристики. Мажите- Водолии ќе се одлучат за придружници со масивна мускулатура или за придружнички со исклучителен ум. Најинтензивните емоции ги доживуваат со Стрелецот и Близнаците.

Риба, слатки сништа

Во љубовта и страста, Рибите ги сакаат миризбите и нежноста, под влијание на Нептун, планетата на фантазијата и имагинацијата што го управува овој знак. Честопати, им се препуштаат на мислите: тие сакаат да пловат во морето на страста дури и ако е се тоа само идеализирано. Жените Риби бараат интригантна игра со придружници кои се романтични и нежни, дури и со женствени карактеристики, додека мажот Риба бара деликатни жени со машки карактеристики и секогаш расположени за секс. Совршен спој прават со Вагата.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova
Се вчитува....