14:18 - 19 февруари, 2026

Своеглави и горди: Овие хороскопски знаци мразат наредување

Следните три хороскопски знаци се препознатливи по своите „настапи“ и тешката контрола на емоциите.

Овен

Како прв знак од Зодијакот, огнениот Овен е подготвен со сите да се пресмета – доколку тој е во право, а во повеќето случаи смета дека е во право. Затоа, ако се обидете да му наредите нешто, особено доколку тоа се коси со неговите животни принципи, Овнот ќе ви ги покаже своите рогови. Бесот ќе ескалира во кавга која лошо ќе заврши за сите. Често е подготвен од инает да направи некои работи, за кои длабоко во себе е свесен дека се погрешни.

Бик

Многу посталожениот и попромислениот од огнениот Овен, Бикот подготвено ќе ги изложи своите идеи и ќе ги презентира на најуверливиот начин – така што ќе ве убеди дека ги поседува сите знаења на светот. Поради природната досетливост и смиреноста, одлично го проценува светот околу себе и се штити од сите влијанија од страна. Иако е одличен во работата и успева да ја сокрие својата своеглавост, вистина е дека за блиското опкружување е многу тешка личност, па со него секогаш морате да водите сметка како разговарате.

Лав

Лавовите се родени лидери кои обожаваат да наредуваат. Зборот хиерархија за нив не постои, па доколку не се главни, тие ќе се тргнат на страна и ќе пронајдат свој чопор кој ќе го водат. Не трпат ниту еден облик на манипулирање и понижување, но исто така ниту совети од другите луѓе. Премногу се горди за вие да им говорите што треба да прават.

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

Хороскоп за 17 февруари: Овните ќе бидат самоуверени, Скорпиите ќе се фокусираат на своите амбиции

Еспресо

Хороскоп за 16 февруари: Овните ќе пливаат во пари, Раковите ќе работат со странство, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 14 февруари: Јарците ќе впловат во страсна врска, Близнаците ќе зрачат со еротска енергија

Еспресо

Хороскоп за 13 февруари: Лавовите ќе започнат врска со Вага, Биковите ќе се вљубат во шармантна Девица

Еспресо
Се вчитува....