12.8 C
Скопје
22:49 - 16 мај, 2024

Неделен хороскоп: Кон крајот на неделата можно е да склучите договор за кој долго сонувате

Овен
Оваа октомвриска недела ви носи мирен и убав период во емотивните односи. Зафатените ги очекуваат убави нешта во врската, без посебни турбуленции или проблеми. Вашата врска ќе доживее убав период исполнет со многу љубов. Кон тоа ќе придонесе и вашето однесување, вниманието кое ќе го насочите кон партнерот, но и поддршката која ќе ја нудите во секое време кога ќе биде потребна.

Бик
Поради стресните ситуации кои ве оптоваруваат може да дојде до одредени несогласувања со партнерот. Слободните ќе се соочат со ново и пријатно познанство со личност која ќе биде многу мила и внимателна, но потребно е да се заштитите од влегување во врска во овој период, бидејќи можни се непријатни разочарувања. Сепак, бидете отворени кон нови познанства.

Близнаци
Оваа недела од октомври е добар период за подобрување на материјалната ситуација. Можно е да имате повеќе работа од вообичаено. Имате многу доверба во саканата личност и таа ве мотивира да бидете подобра личност. Многу сте вљубени, постојано мислите на саканата личност. Ќе уживате во својот љубовен живот исполнет со романтика, фантазија и убави чувства.

Рак
Ако немате веродостојни информации за деловните можности, не правете лекомислени ветувања, туку побарајте нечија интервенција и посредување. Сите проблеми е полесно да се решат со нечие присуство. Бидете нежни и имагинативни пред вашиот љубовен партнер. Препуштете се на вашите чувства и емоционална инспирација. Проблеми со кожата.

Лав
Ако сте доволно чесни или одговорни за она што го правите, не дозволувајте нечија чудна приказна да ве предомисли. Постапете според вашата совест бидејќи е важно да го испочитувате заедничкиот договор. Подобро е да прифатите некоја утешна варијанта, иако таа не е својствена на вашиот карактер и темперамент. Чувствителен дел на зглобовите.

Девица
Не ве чекаат никакви дополнителни обврски или големи промени. Првиот работен ден ќе помине мирно на работа. Во љубовта, водите тешка внатрешна борба со себе, но не сакате за тоа да разговарате со никого. За оние кои ќе сметаат дека не е време за ништо сериозно, ќе се јават многу личности кои ќе ги заинтригираат. Слаба циркулација. Мора повеќе да се движите.

Вага
Бидете внимателни кому ја давате својата доверба. Можно е да се случи да се опкружите со погрешни луѓе. Ве очекува интересна ситуација на полето на флертот. Може да се надевате на интересно запознавање со некоја личност. Ако сте во врска, имате впечаток дека со саканата личност не може да најдете компромис. Занимавајте се со спорт.

Скорпија
На емотивно поле, нема да дозволите да бидете збунети, ако другата страна ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да го зацврстите вашиот однос. На професионално поле, наскоро, можно е да очекувате нов договор. Сѐ ќе изгледа мошне амбициозно, а вие би сакале да се приземјите. Ќе знаете да ги надминете проблемите.

Стрелец
Доаѓате до мали проблеми на деловно поле, но со трпение и упорност ќе успеете сè да решите. Треба да почекате малку пред да почнете со реализацијата на проектот што ви е на ум. Не се откажувајте. Внимателно набљудувајте ги своите навики околу исхраната. Некаде грешите. Мора да ги подобрите вашите врски. Некои од нив имаат негативно влијание врз вас.

Јарец
На емотивно поле, без разлика дали спаѓате на помладата или постарата генерација, ќе бидете несигурни и со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Следува одлична соработка со личности кои се духовити, забавни и креативни. Истото важи и за работата. Можно е да склучите договор за кој долго сонувате.

Водолија
Ќе забележите како луѓето постојано се вртат околу вас, а тоа е затоа ве чувствуваат за пријатна и мила личност. Иако понекогаш умеете да ги покажете вашите „рогови“, во најголем дел од времето, навистина сте прекрасни и треба да бидете свесни за тоа. Некои Водолии ќе добијат нешто што одамна го посакувале и ќе го пронајдат својот внатрешен мир. Ќе уживате во спокојот.

Риби
Можно е неделава да влезете во некои мали расправии со соработниците на професионално поле. Можно е да не сте сигурни за која работа да се одлучите. Имате две понуди и потребно е да направите добра калкулација. Постојат помали проблеми во комуникацијата со вашиот партнер, но ако се потрудите, ќе ги решите. Потребен ви е сон и спокој.

Слични објави

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо

Џенифер Лопез и Бен Афлек на чекор до развод: Актерот се отселил од луксузната вила

еспресо

(Фото) „Шокантно, не е за деца!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографии од сопругата, последна ноќ како девица

Еспресо

Саша Поповиќ откако доживеа повреда: Откри дали ќе продолжи да ја снима „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....