Марина Петровска е велнес-советничка и менторка, која преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.
„Уште како дете сакав да бидам стјуардеса. Тогаш можеби и не знаев точно зошто. Само ме привлекуваше таа професија.
Денес, кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека можеби уште тогаш сум знаела што ме привлекува – патувањата, запознавањето нови луѓе, откривањето нови места и чувството дека секогаш има нешто ново пред мене.
Интересно е како животот понекогаш ќе ти ја донесе истата желба, само во поинаква форма.
Пред 23 години бев поканета од наши пријатели на една презентација. Искрено, не знаев ниту каде одам, ниту што точно ќе слушнам. Но, сакав да ја испочитувам поканата и отидов.
Бев скептик. Немав доволно информации и мислев дека тоа веројатно не е нешто за мене.
Но, нешто ме заинтересира.
Љубопитноста.
Сакав сама да видам дали навистина функционира тоа за кое зборуваат.
И пробав.
Од чиста љубопитност.
И денес понекогаш се шегувам дека сум се „зезнала“ – затоа што останав до денес. 😀 И, искрено, не планирам наскоро нешто да менувам.
Но, од таа прва презентација ми остана и една реченица која тогаш ја слушнав и која и денес често ја користам:
„Ако не можеш да им помогнеш на луѓето, немој да им одмагаш.“
Колку е едноставно, а колку многу кажува.
Со текот на годините сфатив дека токму желбата да им помагам и да ги усреќувам луѓето е нешто што отсекогаш било дел од мене.
И денес една од работите што најмногу ми носи задоволство е кога ќе видам насмевка на нечие лице и ќе знам дека сум придонела за неа.
Тоа го најдов и во оваа професија.
Не само можноста да запознавам нови луѓе, да патувам и да откривам нови места, туку и можноста да им помогнам на луѓето да направат нешто добро за себе, да создадат подобри навики и поквалитетен живот.
Со текот на годините научив дека едно искрено „благодарам“, една насмевка или моментот кога некој ќе ми каже „ми помогна“ имаат огромна вредност.
Понекогаш и поголема од самата заработка. Затоа што заработката е важна, но чувството дека си му го направил денот или животот барем малку поубав на некого – тоа не може да се измери со пари.

Од нешто што го пробуваш до нешто што го живееш
Кога почнуваме нешто ново, често мислиме дека правиме само една мала, краткорочна промена.
Ќе пробаме нешто, ќе смениме некоја навика и можеби ќе направиме нешто поинаку од она што сме го правеле досега.
Но, како што навлегуваш подлабоко, почнуваш да откриваш дека не станува збор само за нешто што ќе го правиш одреден период.
Марина Петровска, велнес-советник: Зошто многу жени не можат да ослабат иако се трудат?
Почнуваш да учиш. Да менуваш навики. Да запознаваш луѓе. Да се грижиш повеќе за себе. Да откриваш нови можности. И тогаш сфаќаш дека тоа повеќе не е краткорочна промена.
Станува начин на живот.
А низ тие 23 години, најмногу ме менуваа токму луѓето, патувањата и учењето.
Научив дека секој човек има своја приказна и дека не треба да го судиме според првиот впечаток.
Најмногу растеме кога сме опкружени со луѓе кои веруваат во нас
Научив и дека најмногу растеме кога сме опкружени со луѓе кои веруваат во нас.
Патувањата, пак, ме научија дека светот е многу поголем од нашата секојдневна рутина. Секое ново место и секоја нова средба ми покажаа дека секогаш постои нешто што сè уште не сум го видела, научила или пробала.
А семинарите и едукациите ме потсетија на нешто што денес многу го ценам:
Никогаш не сме готов производ.
Без разлика колку години имаме или колку искуство носиме зад себе, секогаш можеме да научиме нешто ново, да промениме став или да откриеме нова страна од себе.
Еден од моментите што особено ми остана во сеќавање беше мојата прва Extravaganza во Барселона.

Знаев дека ме очекува голем настан. Очекував многу луѓе, енергија, музика, нешто гламурозно…
Но ништо не можеше да ме подготви за моментот кога влегов во салата.
Повеќе од 17.000 луѓе.
Луѓе од различни земји, секој со своето знаме и своите бои. Музика, енергија, возбуда…
Имав чувство како да лебдам, како воопшто да не газам по земја.
Но, уште повеќе од самата големина на настанот ме воодушеви она што следеше.
Без разлика колку години имаме или колку искуство носиме зад себе, секогаш можеме да научиме нешто ново, да промениме став или да откриеме нова страна од себе.
И продолжив.
Денес, кога ќе се навратам на онаа жена која пред 23 години отишла на една презентација само затоа што сакала да ја испочитува поканата и да задоволи една љубопитност, сфаќам колку една мала одлука може да отвори голема врата.
Не знаев каде ќе ме однесе.
Не знаев колку луѓе ќе запознаам, колку места ќе посетам, колку нешта ќе научам и колку ќе се променам.
Само пробав.
И можеби токму тоа е пораката што денес би ја испратила до секоја жена:
Не мора секогаш да го знаеш целиот пат. Понекогаш е доволно само да го направиш следниот чекор.
Бидејќи никогаш не знаеме каде може да нè однесе една одлука донесена од љубопитност.
