Македонската инфлуенсерка и поранешна водителка Миа Костова сподели фотографии од неодамнешниот престој во Грција, но овојпат зад летните кадри се криеше поинаква приказна.
Во искрена објава на „Инстаграм“, Костова откри дека летото што изминува не го памети само по патувањата и убавите моменти. Како што раскажа, изминатите месеци ѝ донеле и повеќе лоши вести, а во моментите кога животните случувања ја вознемируваат, најголема потпора ѝ е нејзината мајка.
Миа откри дека токму нејзе прва ѝ се јавува кога нешто ќе ја измести од секојдневието, бидејќи нејзиниот директен пристап успева да ја смири и да ѝ помогне поинаку да погледне на ситуацијата.
„Секогаш кога ќе ме измести времето, животот и некоја вест и ѕвонам на мајка ми. Има еден многу страшен пристап за да го чуеш, ама е толку точен да брзо после тоа си ги собираш парталите и си викаш, Миа, џабе се плашиш.
Ова беше едно лето без многу идеја. Ова беше едно лето со лоши вести, и знаеш што? Животот не е мирно море.
И животот не е фер, ама изгледа си има таму некој тефтер ко мојот во кој запишувам кога треба да постирам видео. Ама овој е некој со подебели корици. Некој поозбилен тефтер.
Лето 2026. Фала ти“, напиша Костова.
