Српската пејачка Ана Бекута по 12 години поминати во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, како член на жирито, одлучи дека е време за одмор, па пред снимањето на новата сезона, ја информираше јавноста дека нема да биде во новата сезона.
По одлуката, пејачката се појави на концертот на Драган Којиќ Кеба, каде откри дека одлуката е донесена затоа што ѝ треба мир, одмор и време со самата себе.
– Јас сакам да се одморам. Се шегувам, секогаш некоја промена е чудна. Прво морам да излезам групата… Сè уште сум тука. Кога ќе започне снимањето, ќе излезам… малку се изморив и премногу од моето слободно време му одземаше снимањето. Сега треба да го осмислам албумот, турнејата… да осмислам сè – рекла таа.
Ана открила дали одлуката била тешка и како одлучила да пресече.
– Едно утро станав и реков пауза, тајм аут. Малку се заситив, ако можам така да кажам. Можеби оваа пауза е добра за да се посакаме, иако од „Гранд“ ми рекоа да доаѓам кога сакам. Тие едвај се одвоија од мене, а и јас од нив… тоа беше значајна одлука да се соберам и да продолжам понатаму на поинаков начин.
Таа открила и како ќе го поминува времето што ќе го има на располагање, кое сега и го исполнила:
– За себе. Најмногу мислам дека конечно ќе почнам да мислам на себе, да читам книги, да гледам убави серии, да не спијам до 5 часот наутро и да патувам, ми недостасуваат нормални работи.
Ана денеска се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и откри каде се наоѓа. Како што рече, нашла време за мир и одмор, па отпатувала во природа. Прво, споделила нереални пејзажи од природата, а потоа фотографирала и камин со оган што гори во него.
Ана дефинитивно го исполнила она што го рекла дека е главната причина за нејзиното заминување од музичкото натпреварување.
