09:52 - 13 ноември, 2026

Код на среќа и богатство: Секој од хороскопските знаци има свој магичен број, еве кои се тие 

Нумеролозите веруваат дека секој знак од Зодијакот има свој среќен број. Таа бројка им помага на претставниците на хороскопските знаци да станат среќни и богати.

Кој број е кодот на вашата среќа – прочитајте подолу.

Овен
Среќниот број на Овенот е – 4. Тој им помага да најдат хармонија, да постигнат успех на работа. Четворката може да им донесе голема среќа на претставниците на овој хороскопски знак.

Бик
Бројот 8 е совршен за Биковите.Тој им помага да привлечат пари и да достигнат невидени височини во кариерата. Биковите треба да избираат броеви на домувања, телефонски броевии, регистарски таблички за автомобили и слично кои содржат една или повеќе осмици, така ќе привлечат многу среќа во својот живот.

Близнаци
Бројот на успехот за Близнаците е 7. Нумеролозите тврдат дека седум им помагаат на претставниците на овој знак да избегнат проблеми. Овој број често станува и магнет за привлекување богатство за Близнаците.

Рак
Бројот 3 ќе им донесе среќа и радост на Раковите. Претставниците на овој хороскопски знак знаат како да го достигнат врвот, но понекогаш им е потребна поддршка. Раковите треба да обрнат внимание на тројката, судбината често им дава важни знаци токму преку оваа бројка.

Лав
Нумеролозите веруваат дека Лавовите имаат среќен број во бројот 1. Бројот 1 им помага да најдат заеднички јазик со луѓето и да решаваат дури и најтешки задачи. Вклучете го бројот 1 секаде кадешто можете во вашиот живот, во документите, во изборот на телефонски број и слично – секогаш ќе ви го отвора патот до успехот.

Девица
Вашиот код за богатство и радост е бројот 5. Девиците често мора да се соочат со најдрастични искуства. При изборот на бројки треба да внимаваат на петката, таа ќе им помогне во многу аспекти од животот и секаде ќе ги води до вистинската цел.

Вага
Бројот 6 ќе и донесе среќа на Вагата. Нумеролозите веруваат дека претставниците на овој знак често се обидуваат да најдат рамнотежа, но не секогаш успеваат да се соберат на време и да го најдат тоа што навитина го бараат. Шест можат да им помогне. Носете шестка како амајлија или вклучете ја оваа бројка секаде кадешто можете.

Шкорпија
Бројот 2 е идеален за Скорпиите.Може да им донесе многу шанси на претставниците на овој хороскопски знак. Не пропуштајте документи што го содржат овој број – тука лежи кодот на парите.

Стрелец
Бројот на богатството на Стрелците е 9. Според нумеролозите, тие можат да заработат многу пари доколку почесто обрнуваат внимание на оваа бројка. Покрај тоа, бројот девет му помага на Стрелецот да најде љубов.

Јарец
Јарците треба да го изберат бројот 4. Тој е способен да им отвори нови можности и да привлече позитивна енергија во животот. Четворката ќе им помогне на Јарците да откријат нови таленти во себе, но и полесно да стигнат до пари.

Водолија
Водолиите треба да обрнат внимание на бројот 5. Тој број е способен да привлече благодети во животот на претставниците на овој хороскопски знак. Понекогаш на Водолиите им е тешко да најдат сила да се борат, петката ќе им помогне.

Риби
Среќниот број за Рибите е 7. Тој навистина ќе им донесе многу многу среќа. За претставниците на овој хороскопски знак, оваа бројка им помага да го достигнат врвот и да ги остварат сите свои соништа.

Ќе започнат ново поглавје со чиста листа: Младата Месечина во мај ќе израдува три хороскопски знаци

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....