Според ѕвездите, Дедо Мраз нема да биде единствениот што доаѓа оваа празнична сезона. Астролозите предвидуваат дека пет хороскопски знаци ќе имаат голема среќа во текот на зимскиот период, поточно за Нова година и божиќните празници.
На почетокот на декември, затемнувањето на Сонцето во Стрелец ќе донесе уште една шанса за „магија“ пред новата година. Ако сте Стрелец, тоа најмногу ќе го почувствувате. „Јупитер, планетата на среќата, владее со вашиот знак, така што можностите се бескрајни“, вели астрологот Брукс. Тоа ќе биде последното затемнување во Стрелец во последните 19 години, па Стрелци, искористете ја целата таа среќна енергија!
Истото важи и за Бикот и Скорпијата. Според Брукс, „Затемнувањата се интензивни лунации кои можат да донесат неочекувани промени при посета на нашиот хороскопски знак. Сончевите знаци Бик, Шкорпија и Стрелец треба да бидат подготвени за симпатична средба со секси личност“. Ако добиете неочекувана покана, не заборавајте да кажете „да“.
За среќа, ова не се единствените знаци кои ќе бидат благословени од ѕвездите. Ова се хороскопските знаци кои ќе имаат среќа за време на празниците, според астролозите.
БИК
Бикот е еден од најсензуалните знаци во Зодијакот, а оваа празнична сезона ќе ги зголеми желбите на Бикот. Како што вели астрологот Елиса Робин: „Уран престојува во вашиот знак и бара од вас да го размрдате вашиот живот и да искусите работи надвор од вашите нормални обрасци, а Сатурн во квадрат со Бик, ве поканува на митска потрага. Во комбинација, овие две планети ве покануваат да ја прифатите вашата сензуалност на нови и можеби необични начини“. Ако сте во врска, Робин предлага да пробате нови работи во кревет или да истражувате нови локации. Ако сте слободни, подгответе се да се впуштите во нова романтична авантура. „Точно е дека мразите промени, но ги сакате длабоките сензуални искуства, па промената всушност може да биде забавна“, вели таа.
РАК
Оваа празнична сезона, љубовта ќе ве најде каде и да одите, Ракчиња. Неколку знаци ќе бидат клучни, кои можат да ги дестабилизира старите ограничувачки модели и да ви го отвори срцето за нови авантури и можности. „Лесно се вљубувате, но оваа сезона има уникатен вкус“, вели Робин. „Со неколку планети, вклучувајќи го и Плутон, кои ве туркаат да нурнете подлабоко во искуството на љубовта и романтиката, ова е година кога старите врски можат да станат нови, старите рани можат да се заборават, а новите љубовници можат да влезат во вашиот свет“.
СКОРПИЈА
Марс, планетата на страста, агресијата и сексот, е во вашиот знак до 14 декември. Според астрологот Брукс, ова ќе ви ја даде сета самодоверба на светот за да ги остварите вашите најголеми желби. „Познати сте по вашиот сексапил“, вели таа. „Ако видите лице кое ви се допаѓа, направете го првиот потег. Продлабочете ја интимноста така што ќе се разголите и емотивно“.
Стрелец
Поради вашата владејачка планета, Јупитер, имате тенденција да имате прилично среќа во текот на целата година. Особено оваа празнична сезона, Нептун и Марс ќе ви донесат среќа во љубовта и романтиката. „Секогаш сте подготвени за авантура, а Марс во вашиот знак ја загрева вашата желба за врски, романси и можеби нов жежок љубовен живот“, вели Робин. Ако сте во врска, таа предлага да донесете дома вино и да запалите неколку свеќи. Запомнете зошто пред се сте се вљубиле во партнерот. Ако сте „сингл“, подобрете го вашиот изглед со нови парчиња облека. И подгответе се за зачинетата сезона!
Јарец
Од сите знаци во зодијакот, Јарецот ќе биде најсреќниот од сите! Оваа празнична сезона, Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе транзитира во вашиот знак до март. Добро време е да ги искористите вашите заводливи моќи за да привлечете нови луѓе кон себе. „Очекувајте длабоко страсна врска, особено ако сретнете некој нов/а помеѓу 9 декември и новогодишната ноќ“, вели Брукс. „Немојте да се изненадите ако се чувствувате како да сте се запознале во минатиот живот. Можеби навистина е судбински.“