3.8 C
Скопје
06:12 - 21 декември, 2024

ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НИКОГАШ НЕ СЕ ИЗВИНУВААТ: Егото и суетата не им дозволуваат да признаат вина

жена убава

Некои луѓе лесно прифаќаат дека згрешиле и не им е тешко да се извинат, додека други никогаш нема да го кажат тој „тежок збор – извини“.

Како што тврдат астролозите, ѕвездите одредуваат колку ни е тешко да се извиниме некому за тоа што сме го кажале или направиле.

Според она што го кажува астрологијата, овие три хороскопски знаци речиси никогаш не можат да го кажат тој збор, што понекогаш ги отвора и најтешките врати и решава непријатни ситуации.

СОВРШЕН АСТРО БРАК: Побарајте си го идниот сопруг или сопруга според хороскопскиот знак

Овен

Тврдоглавиот и упорен Овен мисли дека секогаш е во право. Со својот огнен темперамент, често се случува да каже дури и нешто што не го мисли. Припадниците на овој хороскопски знак се афективни и честопати не бираат зборови кога се пресметуваат со некого. Можат во моментот да го кажат првото нешто што ќе им падне на памет и повредувајќи го соговорникот. Така настанува нов проблем затоа што суетата и егото на Овните никогаш нема да им дозволат да се извинат. Попрво би страдале затоа што повредиле некого отколку да кажат – извини. Овните не се злонамерни, лојални се како пријатели и партнери, но премногу избрзуваат во реакциите.

КОЛКУ ВИСТИНСКИ ЉУБОВИ ИМААТ ВО ЖИВОТОТ: Скорпијата сака само еднаш, а Вагата…

Лав

Лавовите се суетни, арогантни и горди, но од друга страна се благородни. За разлика од Овенот, „тешките зборови“ на Лавот се оружје со кое намерно ќе повреди некого. Неговата суета и гордост се посилни од него, па и по цена да си го скрши срцето затоа што повредил некој што го сака и му значи, нема да се извини и да каже дека другиот бил во право. Нема да се извини, барем не веднаш по конфликтот. Ќе почека работите да се смират, а потоа ако сфати дека ве губи, ќе промрмори извини. Но, ако ви се извини, знајте сигурно дека тоа го направил од срце и чиста душа.

ХОРОСКОПСКИТЕ ПАРОВИ КОИ СОВРШЕНО СИ ОДГОВАРААТ ВО СПАЛНАТА СОБА: Креветот ќе „гори“!

Скорпија

Тие што не биле во конфликт со Скрпија не знаат што е војна. Тие се големи злопамтила за кои зборовите се главното оружје. Ве напаѓаат со својот „отров“ во најсуптилниот дел од душата, за да боли што е можно повеќе. Темната и подла Скорпија никогаш, никогаш не реагира прва како огнениот Овен или Лав. Таа набљудува, размислува и дури потоа напаѓа. Никогаш нема да ви се извини и не очекувајте го тоа, бидејќи наскоро ќе се разберете или магично ќе ве убеди
дека била во право.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....